Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)?

„Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со свиткани коленици и со рацете околу себе, така што лесно може да се одбрани од моите напади“ – вели мажот кој признава дека по 20 години брак одлучил да ја напушти сопругата за друга жена.

zoshto-ja-napushtiv-soprugata-za-ljubovnicata-i-shto-mozheshe-taa-da-napravi-za-da-me-zadrzhi-01.jpg

Речиси никогаш никој не го оправдува неверството и прекинот на брачните завети заради трета личност, но овој маж детално раскажува како неговиот брак од 20 години доживеал бавна, а потоа ненадејна смрт.

Што можела неговата сопруга да направи за да го спаси бракот? Зошто мажите почнуваат да изневеруваат? Која била пресвртницата кога тој почнал да се чувствува дека му треба бегство?

zoshto-ja-napushtiv-soprugata-za-ljubovnicata-i-shto-mozheshe-taa-da-napravi-za-da-me-zadrzhi-04.jpg

Овој анонимен маж за Daily Mail детално ја раскажува својата приказна за тоа како одлучил да ја напушти сопругата и да го продолжи животот со љубовницата и која била најголемата лекција што ја научил.

„Ја запознав Меги во првиот семестар на факултет – таа студираше право, а јас англиски јазик. И двајцата бевме срамежливи и посветени на студиите.

Собрав храброст да ја викнам на состанок, откако претходно имав два катастрофални состаноци со нејзините другарки“ – ја започнува својата приказна.

zoshto-ja-napushtiv-soprugata-za-ljubovnicata-i-shto-mozheshe-taa-da-napravi-za-da-me-zadrzhi-08.jpg

По пет години врска и по завршување на студиите, тој и Меги стапиле во брак. Таа почнала да работи како адвокат, а тој како писател. Само што купиле мала куќа во Единбург, набрзо станале родители на ќерка.

„Она што луѓето не ви го кажуваат е дека ќе бидете во постојан натпревар со децата и дека тие секогаш победуваат.

Тие се прекрасни и треба да уживате во секој миг со себичните чудовишта, кои уживате да ги гушкате. Но, треба да знаете дека тие се главен непријател на љубовта во бракот.

Неколку години, ќерката спиеше со нас. Сметав дека треба да спие во својата соба, но сопругата велеше дека е во ред да спие со нас.

Тоа почна да ни ја нарушува интимноста – и тука не мислам само на сексот, затоа што веќе научив да живеам без него. Најмногу од сè почна да ми недостасува разговорот.

Една вечер пред да си легнеме, почнав да раскажувам како ми поминал денот, а Меги ми рече: ’Многу сакаш да зборуваш, знаеш?‘“ – раскажува мажот.

zoshto-ja-napushtiv-soprugata-za-ljubovnicata-i-shto-mozheshe-taa-da-napravi-za-da-me-zadrzhi-07.jpg

Тој прифатил дека тој и сопругата се различни луѓе со различни потреби и сфаќал дека неговата сопруга има тешка работа, па престанал и да се труди да започне разговор.

„Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со свиткани коленици и со рацете околу себе, така што лесно може да се одбрани од моите напади.

Па ако се обидев да ѝ се приближам, таа само воздивнуваше гневно и знаев дека треба да се вратам во својот агол“ – ја продолжува тој приказната.

Како што вели, нештата се влошиле уште повеќе кога ќерката почнала да оди во училиште и да запознава нови пријатели, па почнала сè помалку да го бара татко ѝ.

За да најде нова цел во животот, мажот одлучил да си земе куче, кое ќе му го пополни слободното време и ќе му го даде неопходното внимание што му е потребно.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Повозрасни жени откриваат: „Да бирав одново партнер, која карактеристика ќе сакав да ја има?“ „Клучно би ми било да знае да готви и чисти, а не да се однесува како дете за ко...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg