Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“

„Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно многу ме сака. Не може да ги тргне рацете од мене’“ – раскажува оваа жена, која повеќе 30 години од животот поминала во врска со зависник од секс. Како изгледал нејзиниот живот?

ispoved-na-zhena-30-godini-bev-vo-brak-so-zavisnik-od-seks-beshe-pekol-postojano-da-gi-zadovoluvam-negovite-potrebi-01_copy.jpg

Анонимна Британка ја раскажа својата приказна за бракот со зависник од секс.

Како што вели, нивниот заеднички живот, кој траел повеќе од 33 години, воопшто не бил песна, а во тие години жената морала да има неколкупати дневно секс за да ги задоволи неговите потреби.

Таа својата приказна ја раскажува анонимно за Daily Mail, под псевдонимот Мери Вилијамс и вели дека го запознала сопругот Мајкл во 1989-та година, кога имала 23 години, а тој 27.

„Кога се запознавме имавме многу силна конекција и имавме секс уште истата вечер – што не е нешто што вообичаено го правев. Оттогаш сексот беше нешто постојано за нас – бевме интимни секојпат кога ќе се видевме, а понекогаш и неколкупати дневно или навечер.

Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно многу ме сака. Не може да ги тргне рацете од мене’. Не знаев што ќе се случи...

За една година се свршивме, а стапивме во брак четири години подоцна“ – раскажува таа.

ispoved-na-zhena-30-godini-bev-vo-brak-so-zavisnik-od-seks-beshe-pekol-postojano-da-gi-zadovoluvam-negovite-potrebi-05.jpg

Нејзиниот сопруг имал голем број желби и фантазии кои ги искажал уште во периодот додека биле свршени, а жената признава дека некои од нив ги прифаќала, иако не се чувствувала удобно.

Но, за некои, како желбата таа да има секс со друг маж додека тој ја гледа – веднаш ги одбила.

„Колку повеќе учествував во неговите игри, толку повеќе бараше од мене.

Истовремено, забележав дека тој не сакаше друг физички контакт што не е поврзан со секс – нема допирање со раце или бакнеж пред одење на работа.

Тој го прескокнуваше сето тоа и преминуваше на главното“ – раскажува жената.

ispoved-na-zhena-30-godini-bev-vo-brak-so-zavisnik-od-seks-beshe-pekol-postojano-da-gi-zadovoluvam-negovite-potrebi-06.jpg

Откако стапиле во брак, ситуацијата само повеќе се влошила.

Таа вели дека потписот и бурмата не го намалиле апетитот за секс кај Мајкл, туку, напротив, тој очекувал да имаат секс наутро, па кога таа ќе се врати од работа, пред секое излегување со пријателите и по секое враќање дома.

„Брзо откако стапивме во брак, ми се случуваше да се разбудам и да почувствувам дека тој е во мене, па ќе го оттурнев.

Но, нему не му беше јасно зошто сум вознемирена.

Ова се случуваше постојано додека бевме во брак, па почнав да се плашам да заспијам затоа што никогаш не знаев што може да се случи“ – продолжува таа.

ispoved-na-zhena-30-godini-bev-vo-brak-so-zavisnik-od-seks-beshe-pekol-postojano-da-gi-zadovoluvam-negovite-potrebi-04.jpg

Во првите пет години од бракот, парот добил 3 деца, а Мери вели дека ова бил ужасен период во нејзиниот живот.

Нејзиниот сопруг постојано барал секс и покрај тоа што таа била истоштена заради грижата за домот и децата.

„Во тој период немав слушнато за зависност од секс и се уверував себеси дека не сум добра сопруга затоа што не ми се допаѓаше неговата постојана потреба за интимност.

Се чувствував како парче месо и постојано имав болки во интимните делови од телото. Зглобовите ме болеа од неговите постојани игри“ – раскажува Мери.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg