Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа)
Не иницира секс
Ако одамна партнерот нема иницирано секс и тоа ви изгледа чудно и невообичаено, тоа може да биде знак дека некој не ужива во сексот.
Така, наместо да се гушкате на каучот, партнерот седнува на другата страна, со телефонот во рака…
Вашиот допир го нервира
Најлошото од сето ова е да гледате дека партнерот се нервира секогаш кога ќе го допрете.
Ако дури и нормалното допирање по образите или држењето за рака на средина од разговорот создава непријатни чувства, тогаш тоа е силен показател дека некој од партнерите не ужива во сексот.
Во креветот се фокусира само на вас
„Не мора јас да доживеам оргазам“, „Не сум во моментот расположен/а, но ќе се погрижам за тебе“ – овие работи покажуваат незаинтересираност, затоа што сексот е нешто во што треба да уживаат и двајцата партнери.
Како да постапите кога ќе забележите дека партнерот не ужива во интимноста со вас?
Пред сè, имајте предвид дека разговорот е најважен. Изберете време кога и двајцата ќе бидете одморени и место каде што знаете дека нема да бидете прекинувани од никого.
Разговарајте за тоа што се случува во вашите животи и отворено кажете ги проблемите кои ги имате од сите области, а влијаат на вашиот интимен живот. Бидете отворени, но не заборавајте да бидете и поддршка и да покажете разбирање.
Покрај разговорот, кој може да ви реши многу работи, обидете се повторно да се поврзете со вашиот партнер, надвор од сексуалниот живот.
Размислете да поканете пријатели на вечера, да одите на планинарење, да играте друштвени игри и уште многу други секојдневни активности кои ќе ви носат задоволство и на двајцата.
Активно слушајте се еден со друг и поврзете се на едно поинакво ниво кое можеби сте го заборавиле. Градењето на исполнет сексуален живот главно се случува надвор од сексуалната врска.
Исто така, за да го „зачините“ сексуалниот живот, може да пробате да користите секс играчки за да го истражувате вашето задоволство. Клучот овде е да се биде отворен – ако наидете на секс играчка која ве привлекува, тогаш испробајте ја.
За крај, не заборавајте дека во сите врски постојат подеми и падови и тоа е сосема нормално. Важно е да бидете отворени еден со друг и навремено да ги идентификувате проблемите, со цел ефикасно да се справите со нив и да не дозволите на долг рок да ви ги нарушат односите.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com