Мажот мора да биде повисок: Необични правила за љубовни состаноци и врски од минатото
Не споделувајте интимни детали со пријателките
Денес, пријателките помеѓу себе зборуваат за многу работи, вклучувајќи и поинтимни аспекти од животот, без ограничувања.
Но, тоа не било случај во минатото, кога девојките не споделувале ништо со нивните пријателки.
Не состанувајте се со некој кој не е од иста религија
Во минатото, голем проблем во врската била и религијата. Родителите не прифаќале мешање на религии, а покрај тоа, состанувањето со некој кој не е иста раса или култура исто така често било проблем.
Секогаш состанувајте се со повисок маж
Во минатото, се претпочитало девојките да се состануваат со малку постари и малку повисоки момчиња, што не е случај со денешниве двојки.
За жените, бракот е поважен од кариерата
Во минатото, прво било мажењето, а потоа кариерата. Денес, приоритетите се сменети. Жените стапуваат во брак подоцна, а некои воопшто и не сакаат да се мажат.
Денес работите многу се променети, па што мислите, би можеле ли да ги почитувате овие „чудни“ правила од минатото?
М. Ѓ | Црнобело