Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации
Постојано го критикувате
Сите правиме грешки и некогаш овие грешки можат да предизвика и конфликт со партнерот.
Но, ако имате навика да го критикувате партнерот за секоја ситница и што и да направи никогаш не е доволно за вас, немојте да бидете изненадени ако ве остави.
Постојано се навраќате на стари грешки и се навредувате
Кога ќе решите некој проблем со партнерот, тој проблем треба да остане во минатото.
Никако не треба да го користите како „оружје“ во некоја идна караница бидејќи со ова само ќе создадете презир помеѓу вас и, со текот на времето, ќе се оддалечите еден од друг.
Истовремено, никогаш не треба да се навредувате поради грешките од минатото.
Не ја почитувате приватноста на партерот
Дали имате навика да „душкате“ по телефонот на партнерот или да го испрашувате ако некогаш се задржи подолго од планираното?
Ова, пак, сигурно прави партнерот да се чувствува лошо и должно да ви ја објаснува секоја ситница.
Ова однесување значи дека не му верувате, а штом во врската нема доверба, таа веројатно нема ни да трае.
Нетрпеливи сте
Многупати во животот ќе треба да чекате за некои работи.
Истото важи и во односот со партнерот – ќе треба да бидете трпеливи во многу ситуации.
Но, ако не можете да се контролирате, го притискате партнерот и го терате да прави работи за коишто не е подготвен, можно е да не бидете заедно уште долго.
Спирова С. | Црнобело