Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации
Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за него – кои се лошите навики со кои несвесно ја осудувате врската или бракот на пропаст?
За врската или бракот да опстанат, не е доволно само да сте вљубени во партнерот.
Треба да обрнете внимание и на безброј ситници, како доверба и комуникација.
Со кои навики сами си ја уништувате врската, низ илустрации:
Одлучувате и за вас, и за партнерот
Сосема во ред е да му понудите совет или мислење на партнерот кога ќе го побара тоа од вас.
Но, ако настојувате да одлучувате и за двајцата, дури и за најбанални работи, како што да носи, ќе го влошите односот меѓу вас.
Едно е да бидете загрижени за партнерот и да сакате да му помогнете, но сосема друго е да ги наметнувате вашите желби врз секој аспект од неговиот живот.
Сакате да контролирате сè
Одлично е ако сте организирана личност која планира однапред.
Но, кога ова станува напорно и заморно, па дури и причина за конфликти време e да ги преиспитате вашите постапки.
Не можете да ја контролирате секоја ситница во домот и во односот со партнерот и ако продолжите да го правите тоа, само ќе се оддалечите.
Барате изговори
Ако живеете со партерот, мора да научите да правите компромис и да ги делите обврските.
Но, ако секогаш барате изговор кога ќе ви дојде ред да помогнете, нешто дефинитивно не е во ред.
Уште полошо ако му наметнувате вина на партнерот кога тој не ги завршил вашите обврски.
Премногу зависите од партнерот
Нормално е да сакате да минувате време со партнерот и заедно да созревате како личности.
Но, тоа не значи дека треба да станете зависни од него и да не можете да поминете ни миг сами.
Вие и партнерот сте различни личности и треба да го почитувате тоа.