Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката?

Како да ја намалите болката за време на секс?

Во продолжение погледнете неколку совети кои може да ви помогнат да ја намалите болката при сексуалните односи.

Користете лубриканти

Препуштете се на подолга предигра бидејќи ова може да го реши проблемот со навлажнувањето, но имајте на ум да користите и лубриканти.

Овие опции можат значително да ја подобрат удобноста и да ја намалат болката за време на сексуалната активност.

shto-go-predizvikuva-bolniot-seks-i-soveti-kako-da-ja-namalite-bolkata-07.jpg

Изберете го вистинскиот момент

Не е секогаш добро време за секс. Ако жената неодамна се породила, поминала низ траума или доживеала одредена повреда, тогаш подобро е да си дадете време да заздравите ментално или емоционално, пред повторно да се нурнете во вашиот сексуален живот.

shto-go-predizvikuva-bolniot-seks-i-soveti-kako-da-ja-namalite-bolkata-08.jpg

Комуникацијата е важна

Зборувајте отворено и кажете си во кои работи уживате, а кои ви создаваат болка. Експериментирајте, гушкајте се, масирајте се…

shto-go-predizvikuva-bolniot-seks-i-soveti-kako-da-ja-namalite-bolkata-10.jpg

Практикувајте Кегелови вежби

За да го решите ова прашање, размислете да ги вклучите Кегеловите вежби во вашата рутина.

Слично како и секој друг мускул, мускулите на долниот дел на карлицата можат ефикасно да се приспособат и да се релаксираат по потреба и тоа преку физикална терапија.

shto-go-predizvikuva-bolniot-seks-i-soveti-kako-da-ja-namalite-bolkata-11.jpg

Посетете ендокринолог

Доколку чувствувате честа болка при сексуалниот однос, закажете посета кај ендокринолог и направете сеопфатен преглед кој може да ви помогне да откриете какви било локални состојби кои придонесуваат за болка за време на сексуалниот однос.

shto-go-predizvikuva-bolniot-seks-i-soveti-kako-da-ja-namalite-bolkata-12.jpg

Други мерки за ублажување на болката

Покрај ова, за да си помогнете самите може да се релаксирате со топла купка, да нанесете малку мраз на местото каде што ве боли, да го испразните целосно мочниот меур…

shto-go-predizvikuva-bolniot-seks-i-soveti-kako-da-ja-namalite-bolkata-13.jpg

Не заборавајте дека доколку болката е постојана и честа, секогаш најдобра опција е консултација со вашиот гинеколог.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg