Играчки, секси масажа: Како да го „зачините“ сексуалниот живот (во долга врска)?
Кажете му на партнерот што сакате
Отворено започнете разговор и кажете му ги вашите фантазии на партнерот - што сакате да правите, како сакате да ве допира... Ако сте во повеќегодишна врска, веќе ќе знаете во што ужива партнерот и како да се поврзете.
Совет плус: Доколку не сте опуштени доволно за вербална комуникација, обидете се да ги искажете желбите на ливче хартија. На пример, на неколку ливчиња напишете што сакате да правите, па дозволете му на партнерот да извлече едно. Така ќе ви биде позабавно и повозбудливо и целиот чин ќе го претворите во секси игра.
Зборувајте за секс во текот на целиот ден
Доколку сакате да ја зголемите сексуалната возбуда, тогаш започнете уште од утрото. Зборувајте за секс преку пораки, шепнете му на партнерот нешто слатко, гушкајте се... Ова може да ви помогне да ја намалите напнатоста и едвај да го дочекате моментот кога ќе заминете во кревет.
Совет плус: Доколку сте на работа, испратете му на партнерот слатка порака или секси фотографија.
Започнете со маратон на бакнување
Бакнувањето може да ви се чини обичен гест, но во суштина е многу интимен. Доколку продолжите да се бакнувате, и двајцата може да почувствувате како расте возбудата.
Совет плус: Бакнувајте се и за време на сексот, затоа што тоа ја зголемува интимноста, довербата и ве поврзува повеќе.
Секс играчки: Зошто се корисни и како да ги вметнете во вашиот сексуален живот?
Дури и да знаете како се користат секс играчките при мастурбирање, сепак, нивната употреба при однос со партнерот може да изгледа како сосема друга приказна.
Многумина секс играчките ги користат најмногу за стимулирање на гениталиите, но, потребно е да се охрабрите и да го истражувате целото тело, како на пример експериментирање со тоа како ги чувствувате вибрациите на вашите гради и слично.
Секако, пред да започнете со вклучување на секс играчки во креветот, важно е да разговарате со партнерот. Колку поотворено разговарате на оваа тема, толку поудобно ќе се чувствувате и поголема е веројатноста дека ќе истражувате за време на сексуалниот чин.
Постои вообичаена заблуда дека луѓето користат секс играчки само кога се незадоволни од нивната врска. Но, вистината е дека тие се користат само за зголемување на задоволството. Важно е партнерот да сфати дека секс играчките постојат за да му дадат приоритет на вашето задоволство, а не да бидат конкуренција.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com