Бизарни љубовни совети за да се омажите од 90-тите (кои ѝ помогнале на Викторија Бекам да го „улови“ Дејвид)
Внимавајте на облеката
„Ставете кармин дури и кога одите на трчање. Косата треба да ви биде долга за да можете со неа да си играте и да ја галите и здолништето треба да биде кратко, не сакаме да изгледаме како мажи“ – велат тие.
Ако имате голем нос, оперирајте го
„Вашиот нос е на средината на лицето, не е како ушите, ако имате неправилен нос – зборуваме ако навистина не е пријатен за гледање, тогаш треба да го оперирате“ – советуваат тие.
Не зборувајте премногу
„Една од причините заради кои браковите не успеваат е затоа што жените знаат да бидат тешки и да бараат премногу. Тоа не функционира така кај мажите.
Ако сопругот каже нешто нељубезно, жената знае да го навреди веднаш. Подобро е да молите додека не сте во состојба тивко да ги решите проблемите“ – велат тие.
Секогаш задоволете ги сексуалните потреби на партнерот
„Дури и кога не размислувате за секс, секогаш задоволете ги неговите потреби. Секогаш трудете се да бидете дотерани, затоа што ниту еден маж не сака дома да го дочека жена во тренерки“ – велат тие.
Според авторките, книгата сѐ уште функционира и сега по 30-тина години, единствено што е променето е технологијата, но правилата остануваат исти – ако сакате да го освоите срцето на вистинскиот неопходно е да го игнорирате.
Б. С. Б. | Црнобело