Бизарни љубовни совети за да се омажите од 90-тите (кои ѝ помогнале на Викторија Бекам да го „улови“ Дејвид)
„Ставете кармин дури и кога одите на трчање. Ако имате голем нос, оперирајте го“ – тврдат двете авторки на книгата „The Rules“ , која беше хит во 90-тите, а голем број познати дами, како Викторија Бекам, Кејт Мидлтон и Бијонсе тврдат дека им помогнала да ги освојат своите партнери.
Во 1995-та година авторките Шери Шнајдер и Елен Фајн, го објавија контроверзниот прирачник насловен Rules: Time-tested Secrets for Capturing The Heart Of Mr Right, во којшто има голем број совети за тоа како треба да се однесуваат модерните жени ако сакаат да го освојат мажот што им се допаѓа.
Книгата во времето на објавување беше вистински феномен, и се распродаде во неверојатни 4 милиони примероци, па дури и Бијонсе тврдеше дека прирачникот ѝ помогнал да го освои срцето на Џеј Зи, а се верува дека оваа книга им помогнала и на Кејт Мидлтон, Меган Маркл и Викторија Бекам да го освојат срцето на нивните партнери.
Но, сега, речиси 30 години подоцна, советите ги гледаме од малку поинаква перспектива и некои од нив ни звучат бизарно.
Трудете се да бидете недостапни
„Забележавме дека жените што ги бркаат мажите најчесто добиваат корпа, додека тие што се правеа непристапни успеаја да се омажат“ – советува Шери во книгата.
Не одговарајте веднаш на пораките
Според авторките, не треба веднаш да одговарате на пораките на мажот што ви се допаѓа, туку да почекате најмалку 4 часа по првата порака и по 30 минути по секоја следна порака.
Не прифаќајте состанок во сабота, ако ви се јави по среда
Авторките ова го објаснуваат така што напоменуваат дека ако тој одлучил во последен миг да ве покани на состанок, тогаш вие ќе му бидете девојката што за сѐ друго ја бара во последен миг.
Ослабете и трудете се да не се здебелите
„Мажите не сакаат девојки со прекумерна тежина. Наречете го тоа сексистички, нефер или површно, но тоа е вистината“ - се наведува во книгата.