Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како вие да бидете помеѓу оние кои доаѓаат до профитабилни идеи?

Низ целата долга историја на нашиот свет, имало безброј важни откритија и пронајдоци. За некои било потребно многу време за да се реализираат. 

Kako se doaga do profitabilni idei 01

Иноваторите отсекогаш го менувале овој свет и откривале нови можности. Некои го сториле тоа поради високи лични убедувања, во име на науката, религијата или нешто благородно, но имало и некои што едноставно нашле начин да се збогатат.

Без оглед на мотивацијата постојат начини и процедури што се потребни, доколку сакаме да го реплицираме нивниот успех, на еден или друг начин.

Еве што треба да направите:

Опуштете се

За најдобро поврзување со умот и отвореност кон нови идеи, потребна ви е идеална околина, што значи дека треба да бидете целосно опуштени и посветени на себе. Треба да ги фокусирате вашите мисли за да дојдете до нови, перспективи и идеи.

Најдете го она што не ви се допаѓа во светот

Многу познати пронајдоци настанале, бидејќи нивните творци се обидувале да го променат она што не им се допаѓало. Барајте го одговорот на тоа прашање и размислувајте во насока на негово решавање.

На овој начин ќе бидете мотивирани и полесно ќе добиете идеи за кои не сте знаеле дека ги имате.

Kako se doaga do profitabilni idei 02

Подобрете ги постоечките идеи

Тешко е да се открие нешто ново во светот во кој се чини дека сите пронајдоци веќе постојат, но ова не е невозможно.

Ако не сте сигурни во која насока да размислите, пронајдете еден производ за кој сметате дека е корисен, но на кој му недостасува нешто. Потоа најдете начин да го подобрите за да добиете нов производ.

Набљудувајте ја околината

Понекогаш забораваме да го набљудуваме светот околу нас и да ги апсорбираме работите што ни се нудат. Истите можат да ни помогнат да научиме нешто ново и да добиеме креативни идеи.

Kako se doaga do profitabilni idei 03

Не ги отфрлајте идеите

Многу идеи можеби делуваат како да ќе пропаднат или едноставно не се доволно револуционерни. Без оглед колку чудно делуваат на почетокот, обидете се да ги развивате понатаму за да видите што ќе се случува.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
5-те најголеми маки на докторите во Македонија и светот На докторите на моменти им е потребна магија за да функционираат правилно во сис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg