10 тајни за успехот на Ријана: Како стана најбогата пејачка во светот?
Со империја чија вредност се проценува над 230 милиони долари, музичката принцеза од Барбадос покажа дека освен убав глас, има изразено чувство за бизнис, интелигенција и детерминираност.
Само небото ѝ е лимит на 31-годишната ѕвезда, која неодамна беше прогласена за најбогата пејачка во светот. Неа парите не ѝ паднаа од небо. Дури и кога не е присутна на сцената, таа вредно работи на други креативни проекти.
Ова се десетте тајни за успехот на Ријана:
1. Таа ангажира врвни профеционалци.
Невозможно е сами да менаџирате милионска империја, а пејачката е мошне свесна за фактот. Целта ѝ е да има зад себе ефикасен тим, така што во потрага е исклучиво по врвни професионалци.
„Ако јас можам подобро од тебе да ја завршам твојата работа, тогаш нема да те вработам. Имаш ли нешто плус да ми понудиш? Ценам кога луѓето се експерти во она што го прават и секогаш ги вреднувам според нивните предности.“
Дури и кога патува, таа води сметка за бизнисите со кои управува, односно секогаш е добро упатена за сите можни случувања.
2. Таа има различни извори на приходи.
Ријана би имала доволно пари за три генерации, дури и да се фокусира само на пеење. Меѓутоа, империјата на музичарката се зголеми, највеќе благодарение на инвестициите и во други области.
Сопственик е на Savage X Fenty и Fenty Maison, линиите за шминка и долна облека со нејзин потпис. Само 40 дена по лансирањето на брендот, таа инкасираше неверојатни 100 милиони долари.
Имањето повеќе различни извори на приходи е добитната формула за раст на богатството. Во случајот на ѕвездата, математиката е одлична, па подеднакво е успешна и во претприемништвото и во музиката.
3. Таа потпишува огромни договори.
Според истражувањето на MONEY во 2016 година, Ријана е славната личност што најдобро „се продава“ на пазарот во светски рамки. Ова е само потврда на она што брендовите веќе го знаат, кога се во преговори за соработка со пејачката.
Ѕвездата има потпишано договори со мноштво престижни модни куќи и компании, како што се Balmain, Armani, Mac и River Island. За милионски суми – се разбира.
Во 2014 година стана креативна директорка на Puma и јавноста веднаш се вљуби во нејзините дизајни. А, и бројките го покажаа тоа. Продажбата се зголеми за 16 проценти истата година.
4. Таа се бори за правда.
Многумина не знаат дека кантавторката го напиша хитот „B*tch Better Have My Money" со посвета на поранешниот сметководител, откако речиси ќе ја доведеше до банкрот.
Пејачката ја тужеше фирмата бидејќи од 11 милиони американски долари на сметка, нејзиното салдо по неколку месеци се намали на само 2 милиони, со драматичен пораст на трошоците и слаба финсиска поддршка.
Судот донесе пресуда во корист на Ријана и таа успеа да си ги поврати 10-те милиони долари. Освен добиените пари, целиот случај ѝ послужи како иснпирација, да ја создаде една од најуспешните песни во кариерата.
5. Таа инвестира во недвижнини.
Убавицата од Барбадос купи куќа вредна 2.7 милиони американски долари во западен Холивуд. Една година подоцна, таа ја огласи на пазарот за цена од 2.85 милиони.
Додека не најде купец со доволно кеш во џебот, пејачката го издаваше имотот под кирија за 16.500 американски долари месечно.
Ѕвездата во минатото изгуби одредена сума на пари заради лошите совети, но и нејзиното неискуство во продажбата на недвижен имот. Ама, затоа брзо учи и сака предизвици.