Талентиран и неодговорен или неталентиран и одговорен работник - кое е од двете зла помалото?
Зошто е толку голема реткост да видите и талентиран и одговорен работник едновремено? Македонски газди, кога ќе видите таков ценете го како вода во пустина.
Некои луѓе едноставно имаа природен талент за тоа што го работат.
Уникатни се и најдобри, дури и кога вложуваат помалку труд од другите во работењето.
Но, често токму овие работници се вивнати во облаци, се преценуваат, па неодговорно пристапуваат кон работата и фрлаат црна сенка на сето она што им е од господ дадено.
Од друга страна, постојат пак работници кои се трудат постојано, кои се трудат премногу, но никогаш не блеснуваат затоа што не носат ништо спектакуларно во себе.
Тие се точни како Швајцарци, послушни и принципиелни, но залудно кога немаат нешто повеќе да понудат од просекот.
Сепак, се ценети поради посветеноста.
И зошто е тоа така? Како да избереме од двете зла кое е помалото?
Зошто е толку голема реткост да видите и талентиран и одговорен работник?
Одговор немам, но имам апел до газдите.
Ценете ги ваквите. Тие се вода во пустина. Вистинска реткост.
Ваква комбинација се случува навистина ретко.
И да имаат што да понудат и да носат уникатен талент во себе и да работат одговорно и посветено.
Не летаат во облаци дека талентот е доволен за успех. Почитуваат крајни рокови, зададени наредби и ги исполнуваат одговорностите.
Секоја компанија е жедна за вакви и жално е кога работник од овој тип минува неценето и незабележано.
Очи ширум отворени и пофалби и награди за ваквите.
Не знам зошто ама реткост се, особено во нашата ни мила Македонија.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: С. С. | Црнобело