Здодевност на работното место
Ако сакате да сте во мода, дефинитивно мора да заборавите на зборот „умор“. Најнов проблем кај младите вработени е здодевноста. Според истражувања...
...спроведени во САД, околу 15% од вработената популација пати од здодевност, како резултат на недоволно активности или неатрактивно работно место.
Верувале или не, здодевноста може да предизвика стрес дури и повеќе од прекумерното работење.
Ова се некои симптоми кои укажуваат дека патите од здодевност на работа:
1. Не сте задоволни со работата?
2. Често сте уморни кога ќе си дојдете дома иако не сте сработиле ништо посебно?
3. Би можеле да работите многу побрзо отколку што реално ги извршувате обврските?
4. Понекогаш се правите дека сте зафатени, а всушност си завршувате приватни работи?
5. Се плашите да ја промените работата, затоа што мислите дека за истиот обем на работа на друго место ќе ве плаќаат помалку?
Ако одговоривте потврдно на 3 или повеќе прашања, можеби е време да го промените работното место или да најдете нов предизвик во сегашното.