23-годишна продавачка стана бизнисменка, си купи Range Rover и ќе гради куќа од соништата
Бриони е доказ дека кога веруваш во себе и своите соништа, тогаш може да си бидеш сам свој газда и да го живееш животот што си го посакуваш.
Бриони Гортон (23) од Велика Британија работела како продавачка со скратено работно време, сè додека на 21 година не одлучила да се обиде за заработи со помош на своето чувство за мода.
Таа инвестирала 115 евра во ткаенини и бикини дизајните што си ги цртала ги претворила во реалност и почнала да ги продава онлајн. Почнала да креира и облека и за својот бренд го смислила името „Talliah Rose“.
Сега таа е млада успешна бизнисменка која си купила автомобил Range Rover, купила автомобил за мајка ѝ, а во текот на оваа година ќе почне со изградбата на својата куќа од соништата.
„Работев како продавачка и студирав паралелно, кога сфатив дека сакам да си бидам сама свој газда. Се сеќавам како седев на предавањата и мислев дека дефинитивно не сакам да работам за некој друг во животот.
Моите идеи и нацрти ѝ ги презентирав на една пријателка и таа ги претвори во реалност. Почнав сама да се сликам со нив и да ги промовирам на социјалните мрежи. Реакцијата беше одлична“, изјави Бриони за тоа како започнала со бизнисот.
Како изгледа младата инспиративна девојка:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





