Можно ли е да одржите пријателство со колегите?

Откако ќе дипломирате, стекнувањето нови пријатели станува предизвик. За прв пат во вашиот живот веќе не сте опкружени со стотици луѓе на ваша возраст и слични интереси.

Mozhno li e da odrzhite prijatelstvo so kolegite 01

Токму затоа се чини лесно и логично зближувањето со колегите; со нив поминувате најголем дел од денот, па веројатно некои од нив може и да ги наречете најдобри пријатели. Не дека ова е погрешно, но одржувањето пријателства со колегите може да биде комплицирано.

Следете ги овие совети за да го одржите добриот однос со соработниците а да избегнете непријатни ситуации во канцеларијата.

Не озборувајте

Дали има нешто позабавно од ручекот на кој главна тема се случувањата во канцеларијата. Ќе се согласите дека нема. Но, мора да бидете внимателни кога зборувате за деликатни проблеми и ситуации во канцеларијата.

Разговорите за тоа кој е новиот вработен, кој е отпуштен или кој е скаран со шефот може да има големи последици по вашата кариера. Дури и ако зборувате со пријател на кој им верувате, не е исклучена можноста да пренесе на пријател на кого тој му верува, и на крајот да дознае цела канцеларија.

Не раскажувајте премногу

Кога сте фрустрирани и нервозни за нешто во врска со работата, многу лоша идеја е да споделите со некој кој ги знае сите играчи и деталите за она што вашата работа всушност подразбира. Вашиот партнер навистина се грижи за вас, но тој не секогаш знае за кого зборувате, а уште помалку разбира колку е тешко да се подготви месечниот извештај.

Без оглед на тоа колкаво олеснување би почувствувале кога би се отвориле пред вашиот менаџер или друг соработник, ризикувате вашата фрустрација да влијае на пријателството.  

Внимателно одбирајте што споделувате

Можеби е претерано да го избегнете прашањето „Каде за викенд?“, но навистина не мора да споделувате нешто што не сакате. Ако ви е тешко да ги одвратите вашите љубопитни соработници, свртете го разговорот во друга насока и почнете и вие да поставувате прашања врзани за нивниот живот.

Така ќе изгледате заинтересирано, наместо грубо, успевајќи да поставите граница.

Бидете внимателни за социјалните медиуми

Кога станува збор за дружење со колегите на социјалните мрежи, најбезбедно е да си стоите настрана и да чекате колегите први да ви пратат понуда за пријателство. Така ќе може да одберете кого ќе прифатите а кого не, и тотално е разбирливо да не сакате да се поврзете со одредени личности.

Ако одберете да не одговорите на барање за пријателство, веројатно е дека никој нема да ја отвори оваа тема а вие ќе ја зачувате вашата приватност.

Бидете чувствителни

Ако сте се формирале толку силно пријателство што го одржувате и надвор од работното време, тогаш навистина имате среќа. Но, иако можеби ќе посакате да го третирате ова пријателство како секое друго, тоа не е баш фер кон останатите соработници.

Мудро е на работа да се однесувате како да сте на работа, и да внимавате да не направите другите да се чувствуваат изоставени. Така нема никого да повредите, а тимот ќе продолжи да функционира.

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg