Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да се подготвите за првиот ден на ново работно место?

Првиот ден на ново работно место е секогаш најстрашниот. Се среќавате со десетици нови луѓе и се обидувате да ги запамтите нивните имиња, да се запознаете со својата работа обидувајќи се да дознаете што точно се вашите обврски - тоа е застрашувачки ден, без разлика на професијата.

kako-da-se-podgotvite-za-prviot-den-na-novo-rabotno-mesto-01.jpg

Доколку претходната ноќ ја искористите добро да се подготвите, нема за што да се грижите.

Одберете облека и пробајте ја

Сигурно знаете колку време заштедувате кога одвечер ќе испланирате што ќе носите на работа. Тоа е еден сигурен начин да го спречите утринското лутање. Но, кога треба да се појавите на работното место за прв пат, одете чекор понапред и пробајте ја облеката што ќе ја одберете, особено ако не сте ја носеле долго време.  

Може да забележите дупка или копче кое недостасува, а ќе имате можност и да додадете аксесоар.  

Спакувајте ги најважните предмети

Совршено спакуваната работна торба е знак за подготвен работник. Подгответе го лаптопот доколку ви е потребен, нотес за забелешки кои сигурно ќе ги има многу, лесна закуска како гранола бар и нешто лично што ќе направи вашиот работен простор да изгледа малку повеќе како дома.

Одредете ја вашата маршрута

Вашата прва задача како нов вработен е да се појавите рано и подготвени. Испланирајте ја маршрутата ѕа да видите колку време ви е потребно за да стигнете и додадете дополнителни 15 минути до половина час за евентуален метеж во сообраќајот.  

Изгуглајте ја вашата компанија

Веќе ја добивте работата што значи дека веројатно сте си ја завршиле домашната задача и доволно знаете за компанијата, но Google е секогаш ваш добар пријател па искористете го да дознаете нешто повеќе, за да бидете подготвени за првиот ден.

Погрижете се за себе

Долгочасовното превртување во креветот е последното нешто што треба да го направите ноќта пред да започнете со својата нова работа. Го заслуживте ова и подготвени сте за денот - одвојте малку време за вас.

Појдете со пријателите на вечера, прочитајте поглавје од некоја книга или релаксирајте се во бања со топла купка.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg