„Скржавиот, неодлучниот, сезнајкото“ - 6 типови на клиенти кои ќе завршат во последниот круг од пеколот

Клиентот е секогаш во право. Или сепак, можеби не е? Како изгледаат клиентите од пеколот?

6-tipovi-na-klienti-koi-ke-zavrsat-vo-pekolot-01.jpg

За жал, во некои ситуации, многу доцна сфаќаме дека си имаме работа со вистински ѓаволчиња, вообичаено откако ќе го искусиме пеколот на сопствената кожа и сметка.

Програмерите, дизајнерите, преведувачите, архитектите, сите фриленсери и уште многу други професионалци секојдневно се соочуваат со овој хорор.

Може ли да ги препознаеме овие типови на клиенти кои многу умешно си ги кријат роговите?

„Скржавиот“

Прашуваат „Колку ќе чини“ уште пред да ви објаснат што точно сакаат.

Намерно користат нејасни и недефинирани изрази кога објаснуваат што сакаат и кога даваат инструкции. Подоцна ќе се пожалат како не сте ги разбрале и не сте успеале да ги исполните нивните очекувања, па поради тоа не треба да ви платат или ќе треба дополнително да сработите уште нешто, секако без пари.

Кога и да имате некои нови идеи поврзани со проектот кои сакате да ги споделите со нив, разговорот секогаш се сведува на тоа „Дали треба да доплатам повеќе?“

„Неодлучниот“

„Ти одлучи наместо мене, само погрижи се да ја завршиш работата“ е нивната омилена фраза. Се однесуваат индиферентно, ладно и незаинтересирано. Нема да ги слушнете како ентузијастички разговараат за работата или пак да споделат некоја идеја поврзана со истата.

Се согласуваат дека ќе платат онолку колку што ќе чини и ретко преговараат околу цената. Сепак, кога ќе ја видат конечната сметка, задолжително се жалат во врска со сумата.

„Сезнајкото“

Тие бараат, не замолуваат. Нивната комуникација е остра и груба, без никаква почит за другите соработници. Најчесто доставуваат многу детален план за работа во кој точно се наведени работите коишто НЕ треба да ги правите, наместо визијата за тоа како треба да изгледа идниот проект.

Бараат извештај на секој час за сработеното и очекуваат да им бидете достапни 24/7 на телефон и сите социјални мрежи.

„Отсутниот“

Ретко, речиси никогаш не одговараат на пораките или мејловите. Дури и кога ќе се одлучат да напишат нешто (најчесто 3 дена подоцна после вашите 20 испратени пораки), тоа нема никаква врска со прашањата кои се однесуваат на сработеното и натамошните инструкции.

На крајот ќе го погледнат конечниот резултат намуртено и ќе пресечат дека „Не е толку лошо, но сепак, не е тоа – ТОА“.

„Неплаќачот“

Многу сличен со „Скржавецот“, а сепак малку различен. Омилената реченица му е „Морам да го пробам пред да го купам/платам“. Одбиваат да потпишат каков било договор во врска со проектот и го избегнуваат разговорот за пари. „Ќе се договориме после“ или „После ќе му мислиме за парите“.

Глумат заинтересираност кога станува збор за вашето искуство, но само со цел да ве прочитаат, односно да откријат дали сте доволни наивни за да бидете нивната следна жртва.

„Зафатениот сезнајко“

„Би го сработил сам, ама знаеш… немам време“. Откако ќе им ја кажете вашата професионална определба, тие задолжително додаваат дека имаат искуство во истата таа област (дизајн, програмирање, пишување, лектура).

Обожаваат да се мешаат во текот на целиот процес на работата и да даваат бесмислени идеи за кои сметаат дека се одлични. На крајот сметаат дека тие ве подучиле вас и треба да им бидете благодарни. И дека можеби воопшто и немало потреба да најмуваат никого за работата која совршено добро ќе ја сработеле и самите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg