Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Стравови за кариерата кои ги имаат мајките за време на и по породилното отсуство

Мајките кои се на породилно отсуство често се грижат како ќе ѝ се вратат на работата и како бебето ќе преживее без нив.

stravovi-koi-gi-imaat-majkite-za-vreme-na-i-po-porodilnoto-otsustvo-01.jpg

Постојат многу опции, меѓу кои и откажувањето од работа за да можат самите да ги чуваат децата, а честите митови уште толку ги збунуваат новопечените мајки.

Еве за што тие најмногу се грижат:

Барањето за породилно отсуство може да биде одбиено

Ова зависи и од начинот на вработување или поминатиот стаж пред почетокот на отсуството. Во секој случај, треба добро да ги знаете вашите права во зависност од вработувањето (со договор на дело, на определено време или на неопределено време и слични) за да можете да знаете и што добивате. Консултирајте се со одговорниот во одделот за човечки ресурси, за да бидете начисто.

stravovi-koi-gi-imaat-majkite-za-vreme-na-i-po-porodilnoto-otsustvo-02.jpg

Работодавецот може лесно да ве замени

Најчесто, вашиот работодавец нема план Б сè до моментот кога започнува отсуството. За жал, постојат примери во кои отсутниот е заменет со друга личност, но доколку вашата компанија функционира според законите, не би требало тоа да претставува закана за вас.

Можеби ќе треба да работите за време на отсуството

Можете порано да го прекинете породилното отсуство или да работите скратено, но тоа зависи само од вас, а не од работодавецот. Доколку сте ги исполниле потребните законски услови за породилно отсуство, тогаш никој не може да ве принуди да работите во тој период.

stravovi-koi-gi-imaat-majkite-za-vreme-na-i-po-porodilnoto-otsustvo-03.jpg

Нема да сакате да се вратите на работа

Ова зависи само од вас самите. Доколку сакате да ја градите кариерата, нема да ви биде проблем да се вратите на работа. Но, доколку размислувате да останете дома и да му се посветите на семејството и детето, тогаш внимателно размислете за својата одлука и бидете сигурни дека тоа е она што го сакате.

Ќе бидете помалку продуктивни на работа

Можеби да, а можеби и не. Доколку работите динамична работа во која секој ден има нешто ново, ќе ви биде потребно малку време за да се вратите во колосек. Но, доколку нема некои брзи промени, тогаш уште првиот ден ќе се вратите како што бевте и пред отсуството.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg