Мрачната страна на работата во циркус - артистка открива информации од прва рака (фото)

„Додека ве боли грбот, вие изведувате на сцена со насмевка на лицето. Додека детето ве прашува: „Мамо, во кој град сме сега“ вие ставате силна шминка на лицето за да ги сокриете подочниците од напорното темпо“, открива Екатерина Запашној.

mrachnata-strana-na-rabotata-vo-cirkus-artistka-otkriva-informacii-od-prva-raka-foto-01.jpg

Екатерина Запашној е руска актерка која со години работи во циркус. Има акробатски точки и отворено говори како изгледа животот во циркусот.

Покрај неа секогаш се нејзиниот сопруг Константин и нивната ќерка.

Екатерина вели дека иако работата во циркус ви изгледа како бескрајно патување и авантура, тоа сепак е рутина. Дури и кога се во најубавите градови на светот, артистите се посветени на работата и им останува навистина малку време за истражување, пред да заминат на друго место. Времето во најголем дел го користат за да се распакуваат и спакуваат.

И додека нивните раскошни костими и додатоци при настапите им изгледаат магично на гледачите, за артистите се голем товар при патувањата.

mrachnata-strana-na-rabotata-vo-cirkus-artistka-otkriva-informacii-od-prva-raka-foto-02.jpg

За да имаат барем малку чувство на дом каде и да одат на нив им требаат најмалку 10 константни предмети како што е на пример ламба за биро, влечки и микробранова печка.

Екатерина открива дека на пробите артистите не изгледаат ни оддалеку толку гламурозно како на настапите. Тие се со подочници во спортска облека, а околу нив има животни кои не мирисаат пријатно.

Пијат апчиња против болки и ставаат ластици на зглобовите поради напорното темпо.

Нивото на повреди во циркусот е огромно. Никој не верува дека ќе му се случи нему, но се случуваат и падови со последици по животот. Но, никој од артистите не сака да мисли на тоа за да не се парализираат од стравот.

Акробатите страдаат од болки во колената, грбот и мускулите, но кога ќе се вклучат музиката и рефлекторите, тие ја ставаат насмевката на лицето. „Вие сте изведувач и мора да изгледате добро“, вели Екатерина.

Не смеете да погрешите затоа што стотици и илјадници луѓе гледаат во вас кога сте на сцената и вие сте заробеник на улогата, не смеете да си дозволите фијаско. Мора да бидете храбри и да истерате до крај, дури и ако ноќта потоа плачете на перницата од болки. Многу често се случува изведувачи дури и со скршеници да продолжат со изведбата до крај.

Таа вели дека ако работите во добар циркус, тогаш хигиената ќе биде на добро ниво и ќе има добар третман за животните кои се дел од него, но, за жал, во некои циркуси ситуацијата не е таква.

Децата одат на циркус за да ги гледаат сјајните костими и животните, но всушност циркусот е за возрасните затоа што тие се способни да ја сфатат комплексноста на изведбите и ризиците, како и актерските способности и целосната изведба на артистите.

Главната публика во циркусите се всушност возрасните.

Многу често се случува артистите сами да си се шминкери и дизајнери на себе. Екатерина не ги шие своите костими, но ги декорира сама. Шминката на сцена мора да биде впечатлива за да биде видлива и за гледачите од последниот ред.

mrachnata-strana-na-rabotata-vo-cirkus-artistka-otkriva-informacii-od-prva-raka-foto-03.jpg

Точките со животните се најболни и за публиката и за самите изведувачи. Екатерина има изведба со кучиња, но постапува многу внимателно со нив. Таа дури има и блог со едукативни совети и лични искуства со нив. Дресирањето на животните Екатерина го прави на внимателен начин и во склоп на циркусот секогаш има ветеринар.

Децата на циркуските изведувачи често го поставуваат прашањето: „Мамо/тато во кој град сме сега?“ Тие менуваат градинки, училишта и секој месец имаат „нов дом“ и не знаат дека постои друг начин на живот освен тој.

mrachnata-strana-na-rabotata-vo-cirkus-artistka-otkriva-informacii-od-prva-raka-foto-04.jpg

Поради постојаните промени на околината овие деца не се срамежливи, лесно комуницираат со сите и се прилагодуваат на околностите. Знаат како да бидат дел од тимот и се адаптираат на новите ситуации и локации. Некои ќе кажат дека ова не е среќно детство, но за децата од циркусот тоа е секојдневие и им е сосема нормално околу нив да има камили, тигри и публика.

Екатерина има правило секогаш да говори со нејзината ќерка како со возрасна личност и ја прашува дали е среќна. Таа ѝ чита приказни за добра ноќ и ја учи да комуницира со животните.

Нејзиниот живот низ фотографии:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg