Неопеани херои: 3 луѓе кои според Бил Гејтс го спасуваат светот со својата работа

Тие се борат против болестите и гладот и го прават светот подобро место за живот.

neopeani-heroi-3-lugje-koi-spored-bil-gejts-go-spasuvaat-svetot-so-svojata-rabota-01.jpg

Ко-основачот на Microsoft и еден од најпознатите и највлијателни бизнисмени во светот, Бил Гејтс во еден од многуте постови на неговиот блог избра неколку луѓе за кои верува дека на значаен начин придонесуваат за општеството.

Тој вели дека со нивната работа тие го менуваат светот и се вистински неопеани херои.

Овие три личности, според Бил Гејтс, секојдневно работат на тоа да го направат светот подобро место за живот:

Segenet Kelemu

Нејзиниот дом е во сиромашна фармеско село во Африка, каде девојките не одат на факултет и се мажат млади.

Но, Segenet Kelemu отсекогаш се издвојувала. Уште како мала се интересирала за подобрување на агрикултурата.

neopeani-heroi-3-lugje-koi-spored-bil-gejts-go-spasuvaat-svetot-so-svojata-rabota-02.jpeg

Се запишала на студии во Америка и 25 години работела како истражувач таму, кога одлучила да се врати во Африка затоа што сфатила дека нејзината земја има потреба од неа.

Од 2007 со тим научници работи на тоа како од мали фарми да се произведе многу храна со добар квалитет. Моментално е директор на Интернационалниот центар за екологија во Најроби.

Mathew Varghese

Дури во 2011 година болеста полио била целосно елиминирана од Индија и нејзината елиминација во оваа држава беше едно од најголемите светски достигнувања во здравството.

Но, ова не ја спречува државата да работи на понатамошно пронаоѓање на начин за ублажување на состојбата на малкуте останати луѓе кои се заразиле пред 2011 година. Полио ги остава пациентите со парализирани екстремитети, а може да ги остави и хендикепирани за цел живот.

neopeani-heroi-3-lugje-koi-spored-bil-gejts-go-spasuvaat-svetot-so-svojata-rabota-04.jpeg

Mathew Varghese е ортопедски хирург, кој работи во болница во Делхи, и целиот свој живот го посветил на реконструктивна хирургија на настраданите од полио за да има овозможи да ги користат рацете и нозете и да можат да го живеат животот што го сакаат.

Тој од срце вели дека му се радува на денот кога повеќе нема да има пациенти на кои ќе им помага, поради извојувана победа врз болеста во Индија.

Ada Okoli

Ada Okoli во 2014 година беше во фокусот на медиумите, кога ѝ беше дијагностицирана ебола, која ја добила лечејќи други пациенти со ебола во болница во Лагос.

Болеста не само што ѝ го променила начинот на живот, туку и нејзиниот пристап кон животот.

neopeani-heroi-3-lugje-koi-spored-bil-gejts-go-spasuvaat-svetot-so-svojata-rabota-03.jpg

По борбата со болеста, таа го инвестирала сето свое време, енергија и пари кон истражување и пронаоѓање на третман за болеста. Вели дека нема да сопре додека не успее во тоа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg