7 луѓе кои би можеле да се натпреваруваат со Бил Гејтс по богатството и моќта
Од Владимир Путин до семејството Ал Сауд, кои луѓе можат да се пофалат со милијарди на сметката?
Магазинот Forbes секоја година објавува листа на најбогати луѓе во светот. Според листата од 2017 година, Бил Гејтс ја држи првата позиција веќе 4-та година по ред.
По него следат основачот на Amazon, Џеф Безос и бизнис магнатот Ворен Бафет.
Сепак постојат луѓе богати како овие, а можеби и побогати кои никогаш се немаат појавено на листите на милијардери.
Легендите за нивното богатство се навистина интригантни:
Владимир Путин
Владимир Путин е прв на листата на Forbes за најмоќни луѓе на светот.
Потекнува од скромно работничко семејство, а денес многумина тврдат дека е најбогатиот човек на светот со мрежа компании и инвестиции од преку 200 милијарди долари.
Ким Џонг Ун
Уште еден моќен лидер е претседателот на Северна Кореја Ким Џонг Ун. Тој ја наследи моќта од татка си по неговата смрт во 2011 година, а никој не знае ниту точно време и место на раѓање на Ким.
Сака луксузен живот со дизајнерска облека, скапи пијалаци, јахти, спортски автомобили, палати, приватни кина и што уште не.
Муамер Гадафи
Гадафи е роден во номадско бедуинско семејство и нема некое значајно образование. Но, по посетата на воените тренинзи, тој развил политичка теорија објавена во познатата „The Green Book“.
Починатиот либиски диктатор со скриените богатства што ги поседувал се проценува дека е најбогатиот човек во историјата. Но, тој не водел многу раскошен живот и нема цврсти докази за неговото богатство.
Семејството Ротшилд
Семејството Ротшилд има сопствени бизниси во финансискиот сектор, недвижнините, производството на вино и енергија низ целиот свет и што уште не.
Нивните сметки отсекогаш биле загатка за финансиските историчари, но тие добро ги чуваат своите тајни низ годините.
Семејството Ал Сауд
Семејството Ал Сауд владее со Саудиска Арабија од 18-тиот век и има контрола на резервите со нафта.
Иако падот на ова семејство се предвидува секоја година, тие успеваат секогаш да се појават на листите на најбогати семејства во светот.
Џон Рокфелер
Со мрежа проценета на 336 милијарди долари, бизнис магнатот, кој умрел во 1937 година, е дефинитивно еден од најбогатите луѓе во историјата.
Џон Рокфелер наводно контролирал 90% од бизнисот со нафта во Америка и донирал повеќе од половина милијарда долари за разни едукациски, религиски и научни цели. Тој, исто така, ги основал универзитетот во Њујорк и Рокфелер центарот.
Ендрју Карнеги
Ендрју Карнеги е роден во сиромашно семејство со Шкотска, но своето богатство го направил во индустријата со челик во Америка.
Тоа што го истакнува е што 90% од своето богатство дал за добротворни цели.
С. С. | Црнобело