Се будат еден час порано: Што прават успешните луѓе во јануари?

Јануари е месец за нови почетоци и поставување на нови цели. А, воедно е и време кога сме најмногу мотивирани да си го подобриме сопствениот живот.

se-budat-eden-chas-porano-shto-pravat-uspeshnite-lugje-vo-januari-1.png

Тоа го знаат и практикуваат сите успешни луѓе, коишто почетокот на годината го користат за подобрување на сите животни полиња. Какви се нивните навики во јануари?

se-budat-eden-chas-porano-shto-pravat-uspeshnite-lugje-vo-januari-8.jpg

Во продолжение, прочитајте ги шесте работи кои успешните луѓе редовно ги прават во првиот месец од годината:

1. Си поставуваат цели за новата година.

Секоја успешна личност знае дека поставувањето цели на почетокот годината е нужно за успех, како во приватниот, така и во деловниот свет. Добрата цел ќе ви даде долгорочна визија и краткорочна мотивација.

se-budat-eden-chas-porano-shto-pravat-uspeshnite-lugje-vo-januari-2.jpg

2. Големите цели ги претвораат во помали.

Убаво е да се има големи цели и планови. Но тоа не значи дека треба да се натрупате со обврски и да се преотповарите себеси за да ги постигнете. Оттука, успешните луѓе ги разединуваат големите цели, претворајќи ги во помали и полесно остварливи. Подоцна, тие ги исполнуваат една по една, сѐ додека не дојдат до конечната цел.

se-budat-eden-chas-porano-shto-pravat-uspeshnite-lugje-vo-januari-3.jpg

3. Ги запишуваат целите во календар.

Задавањето рокови честопати е причина за појава на стрес, но во повеќето случаи, сепак е подобро да си поставите временска рамка за извршување на задачите. Тоа ќе ви послужи како одлична мотивација да го реализирате сето она што сте го зацртале.

se-budat-eden-chas-porano-shto-pravat-uspeshnite-lugje-vo-januari-4.jpg

4. Прават список на нештата кои не ги исполниле во претходната година.  

Наместо да жалат за работите кои не стигнале, или, пак, не можеле да ги направат, успешните луѓе на почетокот од новата година ги запишуваат сите свои неостварени планови, цели и желби, па настојуваат да ги остварат во наредните 12 месеци.

se-budat-eden-chas-porano-shto-pravat-uspeshnite-lugje-vo-januari-5.jpg

5. Си замислуваат личност која не верува во нив.

Понекогаш е тешко да се пронајде мотивација за извршување на одредена работа. Сепак, постојат неколку трикови кои може да ви бидат од помош. Еден од нив е на почетокот од годината да си вузуелизирате личност која не верува во вас. Личност што смета дека не можете да успеете, или, пак, дека не сте способни нешто да одработите. Тоа ќе ве мотивира да бидете најдобри во сето она што го правите.

se-budat-eden-chas-porano-shto-pravat-uspeshnite-lugje-vo-januari-6.jpg

6. Се будат еден час порано од минатата година.

Саат време во денот многу значи, особено наутро – кога сте најпродуктивни. Имајте го тоа на ум кога ќе го навивате алармот за утре, но и во текот на целата година.

se-budat-eden-chas-porano-shto-pravat-uspeshnite-lugje-vo-januari-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg