5 промени кои треба да ги направите на работа до крајот на 2017

Имате планови и сакате да напредувате, но тоа никако не ви поаѓа од рака? Подгответе се за неколку клучни чекори во последниот месец од годината.

5-promeni-koi-treba-da-gi-napravite-na-rabota-do-krajot-na-2017-001.jpg

Петте промени кои треба да ги направите на работното поле до крајот на 2017 година се следните:

1. Променете ја перспективата

Не сте одбрани за работната позиција на која знаете дека вие би биле идеалната личност? Повторно некој друг добил унапредување, а вие чувствувате дека сте заслужиле повеќе? Тоа значи дека нешто треба да промените, ама не вашите знаења и вештини, туку начинот на размислување. Она што самите на себе си го порачувате се осликува и на се околу вас.

Вашиот внатрешен глас всушност може да биде и вашиот најголем пријател, кој прави да се чувствувате несигурно, па така и другите ве доживуваат. Нашата внатрешна перспектива има неверојатно влијание на настаните во нашиот живот. Не можете да ги контролирате сите околности, но можете да го промените својот поглед на нив.

2. Бидете дрски

Епитетот што Доналд Трамп го користеше кога говореше за Хилари Клинтон – дрска жена – мошне брзо доби силно значење и позитивна конотација. Слободно бидете понекогаш малку дрски!

А, како тоа да го пренесете на работното место? Така што веќе нема да толерирате дискриминација, непристојни коментари и сексизам. Со други зборови, не е поентата да бидете лошотии, туку едноставно да не бидете прекумерно добри.

Престанете да се извинувате секому и за сешто, а искористете ја сопствената моќ за да постигнете нешто добро и позитивно, како за себе, така и за другите.

3. Преиспитајте си ја емоционалната интелигенција

Можеби имате фантастично висок IQ и тоа е одлично, но она што влијае на напредокот во работата е всушност вашата емоционална интелигенција. Емоционално интелигентната личност не се буни лесно, ретко жали за своите одлуки или постапки, и одлично се справува со стресот. Ефикасно да го контролира сопственото однесување и емоциите, што влијае и на начинот на кој се бори тензиите на работното место.

Емоционалниот коефициент ви овозможува да изградите значајни врски во секоја активност, без разлика дали се дружите на паузите за кафе, или, пак, работите заедно на некој проект. Ако сте конструктивни, доверливи, фокусирани и сочувствителни, лесно ќе изградите односи од кои ќе можете да напредувате.

4. Чувствувате љубомора? Искористете ја!

Понекогаш, зависта може да биде силен мотиватор, но само ако научите да ја контролирате. Доколку сте како и сите други човечки суштества, веројатно повеќепати досега сте искусиле љубомора во животот. Можеби звучи малку тинејџерски, ама сигурно сте се сретнале со „совршената“ жена, која има раскошна коса и витко тело, згоден партнер покрај себе, како и многубројни успеси на секое поле. А, ја следат каде и таа да тргне.

Љубомората не е најздравата реакција, но некогаш е неизбежна. Кога веќе така се чувствувате, тогаш барем извлечете корист од сето тоа. Размислете што е тоа најмногу ве мачи. На тој начин, ќе се спознаете многу подобро и откриете нови нешта за себеси, особено - што е она кое толку го посакувате во својот живот.

5. Замолкнете го внатрешниот критичар

Присетете се на Ема Вотсон, младата актерка која е успешна во се што ќе допре со рацете. Од дипломирањето на престижниот Универзитет Браун, преку беспрекорната глума во филмот „Убавицата и ѕверот“, до сериозниот активизам во рамки на работата за Обединетите нации. Зошто тогаш, во неодамнешното интервју, таа изјави дека се чувствува како измамничка? Го спомна синдромот на натрапник - психолошкиот феномен што ги наведува луѓето да мислат дека имале среќа, односно на некој начин се прокриумчариле на позицијата и не ја заслужуваат платата која ја примаат.

Оттука, нејзе ѝ се чини дека не ништо од тоа што го направила не е вистински вредно, па не успева да го доживее како сопствено достигнување. Синдромот на натрапник е често присутен помеѓу успешните личности, правејќи да се чувствуваат лошо во нивната работа и да не ги прифаќаат личните дострели и квалитети како своја реалност.

Затоа, престанете да се сомневате во себеси и да ги прикривате вашите успеси, туку станете најгласниот навивач за себеси.

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg