Направете план за продажба

Доколку сте на почетокот на кариерата или не сте задоволни како се води бизнисот и продажбата, тогаш треба да размислите за неколку аспекти на...

 

...бизнисот во кој се наоѓате.

Нема акција, се додека продажбата не го завземе својот замав. Способноста да го продадете вашиот производ или услуга, директно го детерминира вашиот профит или загуба, успех или неуспех во бизнисот. За процесот на продажба биде ефикасен, мора да биде добро испланиран и детално организиран од почеток до крај.

Секој збор и акција мора да биде запишана, повторувана и запаметена. Ништо не смее да биде оставено на случајност. Еве неколку аспекти на планот за продажба, кој е предложен од страна на познатиот Брајан Трејси:

1. Рецепт за продажба

Да продадете нешто е како да готвите по рецепт. Мора да ги употребите точните “состојки” и да ја искомбинирате соодветна “количина”, во право време. Сите успешни компании имаат развиен и докажан продажен процес. Со користењето на проверен продажен систем, вие точно можете да го предвидите квантитетот на вашите продажби, просечната големина на продажбата, како и профитабилноста од вашите продажни активности.

2. Перспектива

Многу е важно со луѓето кои можат и ќе ги купат вашите производи и услуги и ќе платат во дадениот временски период, да зборувате директно или по телефон. Започнете со идеалнот профил на потрошувач. Кој е тој конкретно – кои се неговите проблеми, потреби, желби, однесување и искуства во однос на вашиот производ или услуга?

Маркетингот и рекламирањето имаат за цел да му пренесат на вашиот идеален потенцијален потрошувач порака дека вашиот производ ќе му биде од голема помош. Тој има неодложлива потреба од она што го продавате, а ќе го купи вашиот производ, само доколку му се допадне она што го нудите.

napravete-plan-za-prodazba


3. Воспоставете врска

Воспоставувањето врска и доверба со потрошувачот е клучно. Потенцијалниот потрошувач нема да ве слуша или да купи од вас, освен ако на тој/таа не и се допаднете. Бидете искрени, пријателски настроени и доверливи. Бидете концизни, подготвени, претставителни и соодветно облечени. Поставувајте прашања и внимателно слушајте ги одговорите. Не се обидувајте да продадете ништо, се’ додека не процените дека потрошувачот се чувствува пријатно во ваше друштво.

Идентифирајте ги неговите потреби за да можете да му го продадете она што најмногу му треба. Поставувајте внимателно создадени, структурирани прашања со цел комплетно да ја разберете ситуацијата. Постои директна врска помеѓу поставување на прашања и успешната продажба. Не се трудете да продавате или да зборувате за вашите производи. Пред се’ обидете се да разберете, а потоа да бидете разбрани.

4. Презентирајте!

Повторете си ги конкретните и специфични потреби кои што ги истакнал вашиот потенцијален потрошувач. Позиционирајте се како доверлив советник, посветен на решение на проблемот на потрошувачот или понудете помош со вашиот производ при постигнување на неговите цели. Позиционирајте се како професор кој демонстрира како тој производ ви помогнал при задоволување на вашите потреби. Најдете допирна точка помеѓу потребите на потрошувачот и вашиот производ или услуга. Фокусирајте се на тоа да помогнете, отколку на тоа да продадете. Завршете ја вашата презентација со објаснување за тоа како производот ќе биде користен и бенефиции со кои ќе се здобиe вашиот потрошувач. Дадете простор за дополнителни прашања за крај.

5. Вежби за акција


Одберете 3 фрази или прашања со чија помош ќе можете да одредите дали личноста со која разговарате е сериозна и може да се класифицира како потенцијален потрошувач.

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg