-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ја сакам оваа работа!

ja-sakam-ovaa-rabota-povekjeМногу експерти ќе ве советуваат интервјуто за работа да го завршите така што ќе ја побарате работата. На многумина тоа им создава прашалник...

 

...над главата – Како всушност се бара работата?

Тоа е добро прашање. Што мора да имате на ум?

ja-sakam-ovaa-rabota

1. Кога барате работа, не барајте нешто за кое нема да ве плаќаат. Легитимно ги нудите своите вештини, искуство, време и енергија во замена за вработување и парична награда.

2. Многу менаџери сакаат да чујат дека ја сакате таа работа. Тоа покажува проактивност, искреност и ентузијазам. А и истовремено – им ласка.

Она што треба да го направите е да го претворите интервјуто во пријателски разговор.

Како?

Барајте заеднички точки и прилагодете се. Колку повеќе знаете за личноста која ве интервјуира – толку полесно ќе пронајдете вистински зборови за да ја побарате работата.

Истражете на социјалните мрежи. Може да пронајдете нешто интересно.

Ова се некои реченици кои може да ви помогнат. Среќно!

1. Мислам дека навистина можам да придонесам за оваа фирма и може да функционираме заедно. Дали ви ги дадов сите потребни информации за да ми ја понудите работата?

2. Наведете ги своите квалификации, а потоа речете: “Затоа би бил(а) совршен(а) за ова работно место. Има уште нешто што не наведов?

3. Сигурен/на сум дека ја сакам оваа работа. Што можам да направам за да ве уверам дек сум ваш избор?

4. Оваа работа звучи совршено за моите вештини и искуство. Секако би сакал(а) да работам со вас и вашиот тим.

5. По се што дознав за вас и вашата компанија, сигурен/на сум дека совршено би се вклопил(а). Се надевам дека наскоро ќе добијам ваш одговор.

 

Би можело да ве интересира:

Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg