Како да дадете отказ?
Честопати доаѓа момент во животот кога се чувствувате презаситени од работата. Кога негативните моменти почнуваат да испливуваат на површина, а се...
...отвораат нови врати со можности. Како е најдоброто решение да го фатите “наредниот лет“?
Кога вашите емоции се измешани, тешко е да одржите “чиста глава“, па затоа еве неколку совети како да дадете отказ на работа на најдобар начин.
1. Пред да ја донесете финалната одлука осигурајте се дека имате План Б. Обновете го вашиот профил на LinkedIn, аплицирајте на објавени огласи и осигурајте се дека имате закажано барем неколку интервјуа.
2. Започнете да си ги пакувате работите за дома. Цвеќињата, фотографиите и сето она што ве потсетува дека си одите. Ако некој ве праша што е со вашиот нагон за чистење одговорете дека ви пречат овие работи.
3. Направете Back-up и отстранете ги личните работи од службениот компјутер (фотографии, bookmarks итн.).
4. Искористете ги вашите бенефиции - проверете уште колку денови од одмор имате и можете да ги искористите пред да заминете.
5. Потпишете договор. Ако планирате да дадете отказ на работа, а веќе имате друга опција, бидете на сигурно дека ќе го потпишете договорот за новото работно место. Не дозволувајте да биде само празно ветување.
6. Не грижете се - промената е тешка за многу луѓе. Не чувствувајте се лошо и тргнете понатаму. Сигурно е подобро за вас и за компанијата фактот дека сте пронашле нешто кое одговара на вашиот профил повеќе од досегашното.
7. Напишете писмо за отказ. Направете го ова кратко и едноставно. Не се жалете и не обидувајте се да ги објасните вашите чувства. Бидете што е можно појасни. Тоа ви е шанса да дадете пофалба за работата без разлика на фактот колку сте ја мразеле. Секогаш треба да останете барем 2 недели по отказот, а некои места можеби и ќе побараат од вас да си заминете поскоро.
8. Бидете сигурни дека менаџерот е тој кој ќе дознае прв. Не сакате да разбере од некој друг пред вие да најавите.
9. Побарајте препорака - дури и ако сте биле најлошиот вработен на светот, опуштете го своето его и побарајте од претпоставениот да ви напише препорака. На овој начин може да ја задржите позитивната врска и контакт со него.
10. Немојте да си ги “срушите сите мостови“ - кога личност е вознемирена кажува се што ќе и падне на памет. Немојте да бидете ваков идиот. Никако жалење, навреди, карање. Насмевка на лице и храбро!
11. Останете професионални до крај. Во последните денови, вршете си ја работата како што треба, облекувајте се соодветно и покажете се во вашето најдобро светло.
12. Дозволете си одмор. Имате договорена работа и тие сакаат да знаат кога можете да почнете. Поместете ја датата за почеток и дозволете си малку одмор. Kaжете му на новиот работодавец дека имате проекти на старото работно место кои мора да ги довршите. Кој е подобар начин да започнете нова работа одморени и со бистра глава?