Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Аплициравте за ново работно место? Овие 10 знаци откриваат дали ќе го добиете

Неодамна аплициравте за ново работно место кое ви се чини како одлична можност, па баш затоа веќе неколку дена сте под стрес?

apliciravte-za-novo-rabotno-mesto-ovie-10-znaci-otkrivaat-dali-ke-go-dobiete-01

Веројатно со денови се подготвувавте за интервјуто, но сега откако заврши, ви се чини дека попусто чекате.

Наместо да се оптоварувате со милион негативни мисли, сетете се како поминале овие 10 ситуации. Ако се онака како што ги читате, тогаш работното место е ваше:

1. Имате работно искуство и немавте потреба да го „шминкате“ вашето работно CV.

2. Кога се замислувате во таа компанија во која аплициравте, се замислувате како рамноправен колега со сите останати кои веќе работат таму, а не како помош.

3. Добивте скриени комплименти по разговорот од страна на работодавачот.

4. Посебно добро се облековте за разговорот. Наместо безличното одело, изгледавте креативно и свежо.

5. Не баравте премногу. Не прашавте за платата, ниту за годишниот одмор. Верувајте, молчењето ќе се исплати.

6. Додека бевте на разговорот ниту еднаш не помисливте „Добро, барем додека не пронајдам друга подобра опција, ми се допаѓа...“

7. Се чувствувате пријатно кога ги раскажувате вашите претходни работни искуства, а тоа сите во просторијата го забележуваат.

8. Соговорниците се трудеа да ви биде пријатно, па ако од време на време ви поставуваа пријателски прашања, верувајте дека сте им фаворит.

9. Ако идниот директор барем една реченица започна со „Ако работеше тука, како ќе постапеше доколку ...“ сфатете ја како позитивен знак.

10. Едноставно го имате она чувство. Интуицијата ви вели дека совршено ќе се вклопите? Вреди да и верувате.

Би можело да ве интересира:

„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg