Професии со најголема перспектива во следниве години

profesii-so-najgolema-perspektiva-vo-slednive-godini-povekjeСитуацијата на пазарот на труд е критична. Многу тешко се наоѓа работа, особено ако немате никакво искуство. Ако сте во состојба кога треба да се...


...одлучите за вашата идна професија и барате насока кон која ќе се школувате, според неодамнешните истражувања, ова се работни позиции кои се очекуваат да имаат најголем пораст т.е. најмногу ќе се бараат на пазарот во следните години.

1. Специјалисти за маркетинг и истражување на пазарот. За да бидете добар маркетиншки аналитичар потребни ви се и добри математички способности, но и аналитички начин на размислување. Предвидена е стапка на пораст од 29% годишно.

profesii-so-najgolema-perspektiva-vo-slednive-godini-1

2. Специјалист за намалување на трошоци. Се поголемата глобална конкуренција ги отвора вратите на оваа професија. Калкулирање на потребните средства, пари, време и работа. Предвидена стапка на раст од 29% годишно.

3. Финансиски аналитичар. Собирање податоци, анализа и известување како би се носеле подобри инвестициски одлуки. Предвидена стапка на раст 20-28% годишно.

4. Менаџмент аналитичари. Истражуваат, собираат и анализираат податоци, непрестајно се во тек со најновите техники и случувања од областа во која работат, се со цел поуспешно претпријатие. Предвидена стапка на раст 20-28% годишно.

profesii-so-najgolema-perspektiva-vo-slednive-godini-2

5. Градежни инженери. Градежништвото и понатаму останува важен сегмент во светот, а особено се барани проектанти за мостови, автопати и аеродроми. Предвидена стапка на раст 10-19% годишно.

6. Аналитичари од областа на информационите технологии. Сигурно подрачје каде иновативноста ќе се цени во наредните години. Предвидена стапка на раст 10-19% годишно.

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg