Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално
Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шеговито име кој сте го направиле во средно.
Денес ретко кој комуницира преку мејл со пријателите и семејството, но затоа, пак, мејловите доминираат во професионалната комуникација.
А, кога користите и пишувате мејл за работа, препорачливо е да следите некои правила за да делувате професионално.
Дел од нив во продолжение:
Додајте потпис на мејлот
Мејловите ќе изгледаат многу попрофесионално ако додадете и потпис.
На овој потпис можете да ја наведете вашата титула, вашиот телефонски број, линк од профил од социјалните мрежи…
Проверете го мејлот за печатни грешки
Воопшто нема да делувате професионално ако во мејл од 2-3 реченици имате неколку печатни грешки.
Па, внимателно испитајте го мејлот пред да го испратите.
Внимавајте на копчето reply all (одговори на сите)
Ако добиете мејл кој е пратен на повеќе луѓе, на пример неколку разни фирми или вработени во неколку разни оддели од една фирма, немојте да стискате reply all.
Одговорете само на личноста која го праќа мејлот.
Користете го вашето име за професионалниот мејл
Немојте за работа да користите мејл кој е деминутив од вашето име или мејл со шеговито име кој сте го направиле во средно.
Идеално би било мејлот да ги содржи вашето име и презиме или барем иницијалите.
Немојте да користите кратенки
Во онлајн комуникацијата, многумина преферираат кратенки.
Но, најдобро избегнувајте ги кога во професионални мејлови и секогаш пишувајте целосни зборови и реченици.