10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ илустрации

Пробуваат да ве убедат дека во фирмата сите се како семејство

Одлично е да имате добар однос со колегите и да ги гледате како второ семејство.

Но, ако ова е првото нешто што ви го кажуваат на интервјуто, можеби сакаат да прикријат работи како ниска и/или нередовно исплаќање плата, проблеми при користење слободни денови, барање за прекумерно работење…

10-znaci-deka-e-podobro-da-si-zaminete-od-intervju-za-rabota-i-da-ne-ja-prifatite-pozicijata-07.jpg

Не се учтиви кон вас

Само затоа што некој е на повисока позиција од вас не значи дека тоа му дава право да не ве почитува.

Ако личноста која ве интервјуира не ви покажува почит, не би било добро да останете во таква работна атмосфера.

10-znaci-deka-e-podobro-da-si-zaminete-od-intervju-za-rabota-i-da-ne-ja-prifatite-pozicijata-08.jpg

Не ви кажуваат кога пуштаат плата

Ако личноста што ве интервјуира избегнува да ви каже кога се исплаќа платата, тоа може да значи дека исплаќањето не се случува редовно.

Секогаш е добро да се распрашувате за ова кај луѓе кои работат или работеле во фирмата.

10-znaci-deka-e-podobro-da-si-zaminete-od-intervju-za-rabota-i-da-ne-ja-prifatite-pozicijata-09.jpg

Од вас бараат да бидете постојано достапни

Ако ви спомнат дека ќе треба да бидете достапни и по работното време, размислете дали вреди да ја прифатите работата.

Од една страна, со претходен договор, во ред е да бидете достапни и по работно време, секако со соодветен надоместок.

Но од друга, не е во ред шефот да очекува да си го запоставите животот и да работите повеќе од договореното.

10-znaci-deka-e-podobro-da-si-zaminete-od-intervju-za-rabota-i-da-ne-ja-prifatite-pozicijata-10.jpg

Ви поставуваат премногу лични прашања

Многу жени се нашле во ситуација да ги прашуваат за брак и семејство на интервју за работа.

Исто така, многу жени останале и без работа кога отишле на породилно отсуство.

Ако ви поставуаат многу лични прашања на интервју, како за брак, семејство, здравствена состојба и слично, најдобро не ја прифаќајте работата.

10-znaci-deka-e-podobro-da-si-zaminete-od-intervju-za-rabota-i-da-ne-ja-prifatite-pozicijata-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg