„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место

Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои се најчестите причини заради кои почнуваме да си го мразиме работното место и даваме отказ?

sakam-da-dadam-otkaz-8-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-si-go-zamrazuvame-rabotnoto-mesto-01.jpg

Дали секое утро се будите со помислата дека не ви се оди на работа и дека би сакале да останете и да спиете?

На сите ни е јасно дека е неопходно да работиме за да можеме да обезбедиме основни средства за егзистенција, но секој од нас понекогаш се соочува со ситуации во кои чувствува дека веќе не сака да оди на работа.

Можеби причините за тоа што се чувствувате така се психолошки, а потребно е да седнете и да размислите што е она што ви влијае негативно.

Веројатно е дека причината за вашите негативни емоции се крие во една од следните 8 причини:

1. Веќе не сте возбудени и чувствувате дека тоа што го работите не ве исполнува

Со текот на годините вашите интереси се менуваат и сосема е нормално да се чувствувате депримирано во моментот кога ќе сфатите дека тоа што го правите веќе не ве возбудува, а веќе не работите со истиот ентузијазам како порано.

Размислете што ви треба за повторно да ја вратите возбудата, или побарајте друго работно место каде што ќе се чувствувате поисполнето.

sakam-da-dadam-otkaz-8-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-si-go-zamrazuvame-rabotnoto-mesto-02.jpg

2. Патувате премногу долго до работното место и се чувствувате исцрпени

Ако сте од оние што трошат по повеќе од еден час дневно на патување до и од работното место, сигурно сте исцрпени и имате чувство дека работниот ден ви нема крај.

Имајте предвид дека патувањето ви го продолжува работниот ден од 8 на 9 или 10 часа, па многу е веројатно да почнете да се прашувате себеси дали сето тоа што го правите воопшто вреди.

sakam-da-dadam-otkaz-8-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-si-go-zamrazuvame-rabotnoto-mesto-04.jpg

3. Се чувствувате преоптоварено и прегорено

Кога се чувствувате преморено, неопходно ви е да му обезбедите на телото добар сон за да се одмори.

Но, кога сте преоптоварени со обврски, мозокот постојано работи, па потоа не можете да заспиете, и заради тоа се чувствувате „целосно прегорени“.

Во ваквите ситуации често сте нервозни, сè ви оди на нерви, ви создава депресија и ве вознемирува.

Обидете се да најдете начин да се ослободите прво од негативните емоции и од чувството на оптовареност, за да можете да си дадете одмор. Ако не можете тоа да го постигнете сами, побарајте помош од психолог или стручно лице.

sakam-da-dadam-otkaz-8-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-si-go-zamrazuvame-rabotnoto-mesto-03.jpg

4. Работите во токсична средина со токсични колеги

Ако сте заглавени на работно место каде атмосферата е негативна, со токсични колеги, многу е веројатно дека нема да сакате да одите на работа.

Имате чувство дека колегите постојано се обидуваат да ви направат местенки и не го ценат вашиот труд, па затоа сосема е логично воопшто да не сакате ниту да станете за на работа.

Почнувате да го презирате секој дел од работата и имате негативни емоции за сè што ве опкружува таму.

Ви пречи бојата на ѕидовите, ликот на вашиот шеф ве иритира, а секоја ситница што треба да ја завршите ви оди на нерви …

Ако имате вакви чувства тоа значи дека веќе чашата на вашиот ментален капацитет се прелеала.

Потребно е под итно да барате ново работно место, во средина каде што ќе се чувствувате ценети и почитувани.

sakam-da-dadam-otkaz-8-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-si-go-zamrazuvame-rabotnoto-mesto-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg