„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место

5. Чувствувате дека не ве ценат доволно

Нема ништо полошо од тоа да се чувствувате невидливи, неважни и непочитувани на работното место.

Во домот лесно можете да се справите со такви ситуации, но на работното место е тешко, затоа што мора да внимавате и на начинот на однесување.

Заради таквото чувство, почнувате да се прашувате зошто воопшто одите на работа и дали воопшто вреди да се трудите.

Ако вашите претпоставени само ги нагласуваат вашите грешки, а ги игнорираат вашите успеси и не го ценат тоа што го правите и трудот што го вложувате, време е да побарате друго работно место, каде што ќе можете да го покажете својот вистински потенцијал.

sakam-da-dadam-otkaz-8-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-si-go-zamrazuvame-rabotnoto-mesto-06.jpg

6. Се плашите од неуспех

Сосема е природно да се откажеме од нешто кога не сме сигурни дека ќе успееме да го реализираме.

Затоа, ако постојано сакате да дадете отказ, веројатно тоа може да се должи на фактот што потајно во себе стравувате дека ќе направите грешка или ќе доживеете неуспех.

Стравот од неуспех не само што прави да не сакате да одите на работа, туку многу е веројатно и дека ќе ви го исцица целиот ентузијазам и ќе ве натера да се откажете пред да добиете можност да ја „оплескате“ работата.

Исто така, овој страв нема да ви дозволи да ги забележите новите позитивни можности што ви се нудат, па затоа добро би било да побарате професионална помош и да се соочите со него.

sakam-da-dadam-otkaz-8-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-si-go-zamrazuvame-rabotnoto-mesto-07.jpg

7. Не ви се допаѓа да работите во канцеларија

Ако сте од оние што имале можност во одреден период да работат од удобноста на својот дом, во пижами, многу е веројатно да почнете да чувствувате дека секојдневното подготвување, патување до и од работа и самата канцеларија ве гуши.

Затоа многу е веројатно да почнете да сонувате за тоа колку е добро да работите постојано од дома и додека барате таква алтернатива да се чувствувате ужасно затоа што сè уште сте затворени во канцеларија.

sakam-da-dadam-otkaz-8-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-si-go-zamrazuvame-rabotnoto-mesto-08.jpg

8. Не сте го добиле унапредувањето или покачувањето што ви биле ветени

Навистина е демотивирачки ако сте работеле напорно, во надеж дека ќе го постигнете успехот што се барал од вас за да го добиете заслуженото покачување и унапредување, а потоа да наидете на молк од претпоставените.

Ваквиот однос може да направи да се чувствувате изневерени и неценети, па сосема е нормално да почнете да размислувате дека веќе не си ја сакате работата и дека ви е неопходно да најдете друго работно место, каде што вашиот труд ќе се цени.

sakam-da-dadam-otkaz-8-psiholoshki-prichini-zaradi-koi-si-go-zamrazuvame-rabotnoto-mesto-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg