Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги?
Покажете емпатија
Емпатија – тоа е нешто што нарцисите никогаш не сакаат да го дадат, а секогаш сакаат да го добијат. Со кажување на сочувствителни изјави, правите тие да се чувствуваат како навистина да се грижите за нив како личност, а тоа дефинитивно им треба.
„Мора да ви е тешко да го направите тоа сами“, „Ве слушам, тешко е да управувате со сето ова“, „Целосно ве разбирам зошто се чувствувате така“...
Никогаш не ги критикувајте
Критиката, пак, е нешто што нарцисите сакаат да го дадат, но никогаш не сакаат да го добијат. Затоа, не ги критикувајте ги, особено не пред другите. Не дека секогаш треба да молчите, туку постојат побезбедни начини да го направите тоа. На пример, дозволете другите да ги критикуваат, како надворешни консултанти, експерти…
Или, пак, може да упатите критика без всушност да звучите така. Ако не ви се допаѓа презентацијата која ја направиле, кажете им „Ми се допаѓа колку е информативна, но можеме да додадеме и повеќе фотографии, што мислите?“
Поставете граници
Ако вашите претпоставени или колеги ви зборуваат со повишен тон, не карајте се. Наместо да бидете вулгарни, кажете: „Знам дека сте вознемирени, но не би толерирал/а каква било вербална злоупотреба. Се надевам дека разбирате дека тоа влијае на мојата работа“.
Ако ви се јават во 22 часот за да разговарате за работата, не кажувајте „Зошто ми се јавувате толку доцна?“, туку едноставно не одговарајте на нивниот повик.
Ако постојано ги надминуваат вашите граници, треба само да продолжите по свое темпо, додека не научат да ве почитуваат.
Заштитете се себеси од долгорочните ефекти на нарцисоидна злоупотреба
Ако работата ве задржува од одредена причина (добра плата, сакате да се надоградите…), тогаш треба да се заштитите себеси од нарцисоидните шефови, но и колеги.
Едноставно, опкружете се со луѓе кои ја знаат вашата вистинска вредност.
Не сфаќајте ја работата премногу лично и минимизирајте ги контактите со нарцисоидните луѓе. Создајте си побогат живот надвор од работата, практикувајте одредено хоби, поминувајте повеќе време со семејството, медитирајте …
Имајте план за излез ако станува збор за нарцисоиден шеф
Ако и покрај сè не можете да се заштитите од вашиот нарцисоиден шеф, и тоа ви влијае на целокупната благосостојба, можеби е време да заминете.
Не мора да го направите тоа денес. Не мора ниту за еден месец. Но, одвојте време да размислите за алтернативите и запрашајте се дали предностите кои ги имате ги надминуваат недостатоците.
Ако сфатите дека останувате само заради платата, тогаш заминете порано. Почнете да разгледувате други огласи, заштедете одредена сума пари или позајмете за да можете одреден период да бидете без работа. Знаејќи дека не мора засекогаш да трпите нарцисоидно злоупотребување, ќе може да го направите секој ден поподнослив.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com