Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни?
Кои се негативните страни?
Може да добиете отказ
Ова е најлошото сценарио што секако може да ви се случи ако вашата компанија има строга политика за романтичните врски на работното место.
Можеби сексот на работната маса е фантазија за многумина, но треба да знаете дека заради тоа можете да добиете отказ доколку бидете фатени или ако вашиот шеф дознае. Помислете само на срамот што ќе треба да го доживеете.
Може да си ги нарушите авторитетот
Иако може да се случи претпоставените никогаш да не дознаат за аферата или врската, но авторитетот сепак може да ви биде нарушен.
Во тој миг кога соработниците ќе дознаат дека имате секс со колега, очекувајте да ве гледаат со поинакви очи и да ве обвинуваат.
Може да си ја уништите кариерата
Тоа што ќе ја загубите почитта кај колегите може да биде клучен фактор заради којшто нема да можете да напредувате во кариерата.
Ако се надевавте на унапредување, може да се случи тоа да му припадне некому друг, токму заради тоа што вие сте спиеле со некого на работното место и немате добар авторитет.
Ќе си ја уништите фантазијата
А што ако реалноста не ги исполни вашите очекувања и фантазии?
Нема да сте ниту први, а ниту последни на кои повеќе им се допаѓа нереалната фантазија што ја изградиле во ‘главата’, а која нема никаква поврзаност со реалноста.
Постојано ќе бидете дефокусирани
Кога сте во врска со колега многу лесно ќе го губите фокусот од работата. Многу лесно може да се фатите себеси како повеќе сте сконцентрирани на тоа каде е и што прави партнерот отколку на тоа што треба да го сработите.
Може да си направите голем број проблеми само за авантура
Ако планирате да започнете врска со колега бидете внимателни дека и двајцата сакате врска, затоа што може да се соочите со голем број проблеми за авантура за една ноќ.
Ако сакате авантури, тогаш тоа направете го со некого со кого не сте заедно постојано.
Ако веќе подолго време размислувате дали да се впуштите во романтична врска со колега, тогаш разгледајте ги добро сите споменати работи и проценете дали вреди да се впуштите во таква авантура.
Сексот со колега може да биде забавен, но неопходно е да бидете внимателни. Ставете ги на кантар сите работи, и запомнете дека ако еден ден останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работење, иако личноста која ве повредила ќе мора да ја гледате и понатаму секој ден.
Б. С. Б. | Црнобело