Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни?
Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работење, иако личноста која ве повредила ќе мора да ја гледате и понатаму секој ден. Има ли воопшто позитивни страни врската и сексот со колегa?
Сите знаат дека сексот со колега може да донесе голем број проблеми и главоболки, па заради тоа и голем број компании имаат стриктно утврдена политика против романтичните врски на работното место.
Но, сепак честопати се случува луѓето што работат заедно да започнат романтична врска.
Благодарение на долгите часови што ги поминуваат заедно и тоа што немаат премногу време да излезат и да запознаат нови луѓе може да доведе меѓу нив да се развијат чувства, па дури и да започнат врска иако тоа не е дозволено.
Кај овие врски, како и кај сите други, постојат позитивни и негативни страни. Што треба да знаете пред да одлучите да се впуштите во сексуална врска со колега?
Кои се позитивните страни?
Го гледате ‘партнерот’ секој ден
Речиси секој на почетокот од новата сексуална врска сака секој дел од денот да го поминува со личноста со која е интимен, а тоа што работите заедно во иста компанија/канцеларија ви овозможува да ви се остварат тие желби.
Добро ја запознавате личноста
Главната цел на состанувањата на почетокот на врските е добро да ја запознаете личноста со која сакате да бидете заедно.
Кога работите во иста компанија веќе знаете како таа личност реагира кога е под стрес, дали успева да остане смирена и сталожена и како реагира во секоја ситуација.
Имате поголема мотивација за да одите на работа
Секое утро сте многу помотивирани да одите на работа затоа што знаете дека таму ве очекува ‘насмеаното’ лице на партнерот со кого имате секс.
Секое утро имате ‘нов состанок’ и ќе се чувствувате посреќни.
Можете сексот да го ‘скриете’ како добра тимска работа
Сосема слободно можете да кажете дека работите заедно до доцна на заеднички проекти, а што ќе сработите е ваша одлука.
Криењето носи возбуда
На некои луѓе им се допаѓа сексот со колеги токму заради тоа што е ‘забранет’ и им носи нова доза на возбуда.
Се чувствуваат како да се во домот на родителите или некаде каде што не би смееле и се чувствуваат возбудени заради тоа.
Станувате посамоуверени
Кога знаете дека сте успеале да имате врска со колегата, без никој да дознае станувате посамоуверени и посигурни во себе.
Тоа ќе ви овозможи полесно да преземате иницијативи и да се покажете во најдобро светло. Што сигурно може да ви донесе и поголеми успеси во кариерата.
Може да ја запознаете вашата сродна душа
Мора да се напомене дека не завршуваат сите врски на работното место со расправии и разделба. Може да се случи да ја запознаете личноста од вашите соништа.
Па, затоа е добро да размислите во која насока би можела да се движи вашата врска.