Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Просторот и продуктивноста

prostorot-i-produktivnosta-povekjeКанцеларискиот мебел, особено работната маса и стол, мораат да бидат од квалитетна изработка, прилагодено кон димензиите на телото и...


...флексибилни, така што секој може да го прилагоди своето работно опкружување со различни движења на телото и со различни работни обврски.

prostorot-i-produktivnosta

Столот на кој седите треба да ви овозможи удобност за рамениците и грбот да и бидат опуштени, наслонети на наслонот од столот, а за лактовите е оптимално да се одмораат на наслоните од столот, веднаш до телото.

Осветлувањето исто така е од големо значење. Оптимално е ако доаѓа од три извори – амбиентален од таванот, работната маса и природна светлина. Изворите на светлина мораат да бидат добро насочени за да се избегне непотребно оптоварување на очите.

Ако го опремувате својот работен простор, водете сметка и за тоа дека вашите очи мораат да бидат одалечени од екранот на мониторот најмалку 60cm, а врвот на екранот не би смеел да биде над висината на очите.

Исто така е важно во просторијата каде што поминувате многу време да уживаат сите ваши сетила. Можеби воздухот кој што го вдишувате во канцеларијата би можеле да го збогатите со етерични масла кои што делуваат антистресно. Овие препарати лесно ќе ги набавите, а со нивна помош подобро ќе се чувствувате на работа.

Имајте во предвид дека и боите делуваат на вашето расположение, на физичкото и психичкото здравје. Зелената боја го смирува духот и телото, а во канцеларијата е добра во вид на детали. За жолтата боја се тврди дека го поттикнува доброто расположение, додека црвената боја се смета за енергетско дополнување затоа што внесува извесна доза топлина.

Затоа, немојте да занемарувате детали. Не е важно дали тоа ќе бидат разнобојни ситници кои ќе ви го поправат расположението, некој егзотичен мирис или нов стол во кој ќе се чувствувате подобро.

Важно е само во работниот простор да ви биде пријатно за да бидете што поефикасни.

Би можело да ве интересира:

Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
5-те најголеми маки на докторите во Македонија и светот На докторите на моменти им е потребна магија за да функционираат правилно во сис...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg