Деловен бонтон
Во контактите со деловните партнери, најважен е првиот впечаток. Поради тоа, ако сакате што подобро да се покажете, не е доволно само убаво и...
...уредно да седите на состанокот. Покрај сето тоа, многу е важно и како зборувате и како гестикулирате.
Сето тоа е дел од бонтонот кој треба да се почитува кога станува збор за состаноци на кои (ако ги почитувате сите правила на убаво однесување) постои добра можност да договорите добра деловна зделка.
Љубезен глас, ведро лице, фини движења и општа одмереност – еве ги првите неколку работи кои речиси секогаш би морале да бидат присутни во деловната конверзација, без разлика на тоа дали е тоа во сооднос со темата за која се разговара.
По јасното излагање и внимателно одбраните зборови, важно е не само да слушате, туку и да го чуете соговорникот, при тоа да не го прекинувате во излагањето и покрај тоа што ви е неизмерно досадно. Почекајте да заврши, а потоа почнете со реплика.
За водење на деловен разговор можете да користите белешки за да не дојде до забуна или застој. Додека разговарате со некого, немојте да му приоѓате многу блиску – трудете се да склучите договор, а не да го заведете соговорникот.
Во деловниот разговор не употребувајте негативни предзнаци или зборови како што се „па“, „ова“, „она“ и слично. Веројатно ви е јасно и зошто треба да избегнувате такви зборови.
Доколку почувствувате дека вашиот соговорник со вас зборува од височина, останете воздржани и не возвраќајте со иста мерка. Трудете се да не бидете преопширни, разликувајте го важното од неважното и попуштајте на ситници.
Не претерувајте со комплименти кон деловните партнери, користете што помалку празни и „слатки“ зборови. Трудете се да не се истакнувате во преден план, тоа нека биде соговорникот, кого јасно и љубезно ќе го гледате во лице (што не подразбира фиксирање со поглед).
Покрај тоа, останете смирени без разлика на исходот на разговорот што го водите.