10 знаци дека ужасно сте преоптоварени од работата (и ви треба одмор)
Колку често зјапате во празен екран со часови и никако да ви дојде мотивација? Зошто ви е толку тешко да завршите некоја работа? Листата со обврски само ви се трупа, а и стресот исто така.
Дали пронаоѓате добар баланс помеѓу работата и приватноста или одите до степен на прегорување?
Знаете ли да ги препознаете симптомите кога работите премногу и потребна ви е пауза?
Сигнали дека сте преоптоварени од работата:
Се борите за да се фокусирате
Во ред е да имате денови кога се борите за да ги завршите работните задачи, но ако тоа се случува секој ден, а вашите денови стануваат хронично непродуктивни, време е за црвена тревога.
Не можете да ги комплетирате задачите
Колку често зјапате во празен екран со часови и никако да ви дојде мотивација? Зошто ви е толку тешко да завршите некоја работа? Листата со обврски само ви се трупа, а и стресот исто така.
Ги завршувате обврските, но за двојно подолго време
Порано на еден мејл одговаравте за 5 минути, а сега дури по еден час. Изгледа ја немате потребната енергија за да бидете ефикасни како порано.
Задачите ви изгледаат поголеми од што навистина се
Ако задачите ви изгледаат огромни, тогаш правете ги наутро кога имате најмногу енергија, а потоа одете на пауза на сонце, па полни со енергија вратете се за да ги завршите останатите.
Секогаш сте уморни
Нормално е да сте уморни понекогаш, но ако тоа се случува постојано тогаш може да сте преоптоварени од работата.