„Мислев дека ако правам вежби за задник, тогаш тој ќе исчезне“ - драстична трансформација на Македонка
Искрени фотки на Ивана Стаменковска од 2013 vs. 2020 - „На сликата од лева страна сум јас во деновите кога сметав дека кардио е најдоброто решение за добро и слабо тело...“
Ивана Стаменковска е Македонка која има 31.000 следбеници на Инстаграм пред кои постојано презентира јога вежби и здрави навики.
Таа овојпат направи споредба на тоа како изгледала во 2013 година, а како во 2020-та.
Ивана отворено говори за своите заблуди во врска со вежбањето и трансформацијата на телото.
Во минатото таа имала погрешни верувања дека некои вежби ќе направат задникот да ѝ исчезне, а потоа сфатила дека токму некои вежби ќе ѝ помогнат подобро да го оформи.
Напомена: Ивана открила што е совршено за нејзиното тело, но секое тело и организам функционира различно, па вие консултирајте се со стручно лице доколку се решите на трансформација.
Нејзината искрена исповед:
„На сликата од лева страна сум јас во деновите кога сметав дека кардио е најдоброто решение за добро и слабо тело. Исхраната ми се базираше на црн леб, мед и овошје, а протеинскиот внес ми беше НИКАКОВ. Многу смешна заблуда од тоа време е што мислев дека ако вежбам нозе и задник тогаш тие ќе исчезнат! Или дека ако пијам чоколадно млеко ќе се набилдам.
Дали и вие имате некое вакво верување од порано кое сега го сметате за смешно и е тотално погрешно?
На сликата од десно сум сега. Поучена дека тегови нема да ме направат "bulky" туку дека ќе ми помогнат во секоја, ама СЕКОЈА замислена цел. Кардио мене лично ми е само алатка за делот кога доаѓа за "уште малце" ама во принцип добро ми функционира калориски дефицит во храна кога слабеам.
Тоа е секогаш број 1 кога станува збор за слабеење и сѐ што ќе ви кажат поинаку е погрешно (чаеви за детокс, јадење никако по 18 часот итн). Имам слушано исто разговори од типот дека не сакаат или сакаат да одат во теретана само за да се "затегнат".
Не навлегувам што сѐ подразбира под тоа. Телото не функционира така.
Совет е да излезете од заблуди и да си најмите тренер кој веќе поминал низ истото и знае многу повеќе од вас и ќе ве натера како за почеток да си го слушате телото!“