5 чекори за безбедно враќање во теретаните за време на корона пандемијата

Дали сте еден од оние луѓе кои ѝ се вратија на вежбачката рутина во својата омилена теретана или вежбалница? На сите на кои вежбањето им е дел од секојдневната рутина карантинот им падна прилично тешко.

5-cekori-za-bezbedno-vrakanje-vo-teretanite-korona-01.jpg

Но, добрата вест е што вежбалниците се отворија, а лошата – секогаш постои стравот дека може да бидат ризични за вас.

Покрај протоколите од Владата и правилниците во теретаните, не заборавајте да се држите и до следниве работи за да се заштитите за време на вежбањето во теретаните:

Мијте ги рацете

Ова правило не престанува да важи никогаш, а особено во овој период. Задолжително, темелно измијте ги рацете кога влегувате во теретаната и кога излегувате од неа.

Ограничете го контактот со другите вежбачи

Секако, секој вежба поединечно, никако во парови и на соодветно растојание. Теретаните сигурно веќе се погрижиле да стават ознаки за соодветно позиционирање на вежбачите, но заборавете на поздравување или навлегување во нечиј туѓ, личен простор. Секако, ограничете го и зборувањето и внимавајте на дишењето.

Темелно перете ја облеката пред и по вежбањето

Дали случајно ја заборавате опремата за вежбање откако веќе сте извежбале и не ја ставате веднаш за перење? Можеби сте од оние кои неколку пати ги употребуваат истите чорапи или хеланки за вежбање во различни часови?

Не правете ја оваа грешка. Темелно исперете ја облеката на висока температура пред и по вежбањето. Бактериите наоѓаат начин како да се прилепат на ткаенините. Секако, важен е и хигиенскиот покрај здравствениот аспект.

Носете неопходни продукти

Антибактериски гел или влажни марамчиња, маска, па дури и ракавици се пожелни. Сè што (не)случајно ќе допрете, а ви се чини сомнително, веднаш дезинфицирајте ги рацете.

Секако, не е пожелно да се вежба со маска на лицето затоа што го скратува дотокот на свеж воздух и кислород во крвта, меѓутоа сите други контакти надвор од вежбачката рутина остварете ги со маска на лицето.

Избришете ја опремата

Теговите, справите, па дури и вашата лична вежбачка подлога се одлично место за множење на бактерии и вируси. Внимавајте да ги дезинфицирате добро пред да почнете да ги употребувате. Нема ништо срамно во тоа да ги пребришете рачките од справите или екранот на лентата за трчање пред да започнете со вежбање.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
4 вежби за затегнати раце со тегови - Можете да ги правите и дома Четири вежби кои може да ги правите и во вашата дневна соба, а ќе ви помогнат да...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
6 вежби што можете да ги правите додека ја гледате омилената серија Ако повеќе сакате да си пуштите серија или филм отколку да одите во теретана, зо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg