Како да се подготвите за трчање на дожд и снег?
Иако пристигнува зимата со своите минуси и зачестени врнежи од дожд и снег, во никој случај ова не треба да ве демотивира да ја правите вашата омилена физичка активност - трчање во природа.
Ова се неколку докажани совети кои ќе ви помогнат да трчате безбедно и пријатно. Еве како да се подготвите за трчање на дожд и снег:
Постепено зголемувајте ја километражата
Ако сте почетник, најдобрата опција е да пешачите, а кога ќе добиете кондиција, можете да започнете со кратки етапи на трчање што ќе траат подолго и подолго. Како што советуваат експертите, треба да се зголемува километражата од недела до недела.
Оптимално е да се трча 4-5 пати неделно.
Облечете се слоевито
За да трчате на студ, најважно е да се облекувате слоевито. Особено кога температурите ќе се спуштат под 5 степени. Се работи за три слоја облека, сé над тоа е премногу и ќе ви пречи додека трчате.
Избегнувајте памучни материјали
Од најголема важност е да се спречи ладниот воздух да стигне до телото. Затоа обрнете внимание на материјалот што го носите додека трчате. Избегнувајте памук, бидејќи ја задржува влагата. Ова важи и за памучните чорапи.
Носете тенки синтетички материјали што брзо се сушат. Вториот слој може да биде уште една тенка или малку подебела маица, во зависност од температурата за време на тренингот.
Капа и ракавици
Главата и дланките мора да бидат заштитени од врнежи како дожд, снег, но и ветер, што ја суши кожата. Дури 40 проценти од температурата се губат преку главата.
Ашера | Црнобело
Би можело да ве интересира:



