Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најнабилданата баба во светот - Вежба 6 пати неделно и денот го започнува со протеини

Робин Хилис е баба која има 3 внуци и која во минатото имала големи проблеми со нејзината самодоверба.

neverojatna-48-godishna-baba-e-bodibilding-shampion-01.jpg

Но, кревањето тегови ѝ помогнало да се ослободи од срамот, а уште на нејзиниот прв бодибилдинг натпревар, таа го освоила второто место.

48-годишната Робин од Канада работи како затворски стражар. Во 1989-та година таа го напуштила средното училиште и се зачленила во теретана. За многу кратко време, кревањето тегови станало нејзина страст.

neverojatna-48-godishna-baba-e-bodibilding-shampion-04.jpg

Робин тежи 90 килограми, а успеала да ја зачува нејзината форма за време на и по бременоста со нејзините ќерки Кортни и Кејти. Ќерките и трите внуци отсекогаш ѝ биле најголемата поддршка.

„Кога моите девојчиња беа млади, доаѓаа на секој натпревар и го извикуваа моето име. Ми помагаа со косата и доаѓаа во теретана за да ме охрабрат да продолжам“, вели гордата мајка.

neverojatna-48-godishna-baba-e-bodibilding-shampion-03.jpg

neverojatna-48-godishna-baba-e-bodibilding-shampion-07.jpg

Робин тренира 6 пати неделно кога се подготвува за натпревар, а 5 пати неделно надвор од сезона. Се натпреварува барем два пати годишно и верува дека токму бодибилдингот ја научил да верува во себе.

neverojatna-48-godishna-baba-e-bodibilding-shampion-06.jpg

Во 2014-та година, таа станала дел од Интернационалната федерација за бодибилдинг и фитнес, па сега се натпреварува во најпрофесионалните лиги ширум светот.

Вообичаениот ден на Робин започнува во 6 наутро, со 20-минутен интензивен кардио тренинг. Потоа следува појадок богат со протеини. Попладне Робин оди во теретана, а денот го завршува со 20 минути на лента за трчање.

Таа внимава на својата исхрана, но не брои каолории. Јаде 5 пати во денот, а признава и дека ужива во сушито и одвреме-навреме сака да се почасти со чоколадо.

neverojatna-48-godishna-baba-e-bodibilding-shampion-08.jpg

„Бодибилдингот ме научи дека треба време и истрајност за да постигнете некоја цел. Истовремено, ме научи да верувам во себе. Па ако сакате да се откажете, побарајте помош, читајте и едуцирајте се и најважно од сè, бидете истрајни“, советува Робин.

neverojatna-48-godishna-baba-e-bodibilding-shampion-09.jpg

neverojatna-48-godishna-baba-e-bodibilding-shampion-10.jpg

neverojatna-48-godishna-baba-e-bodibilding-shampion-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 мажи кои направија импресивна трансформација на телото со вежбање „Се чувствувам многу подобро. И не сум полуден по здрав начин на живот, само веж...
Евгенија Колев со совети за мајките кои немаат време за фитнес: „Со децата секоја игра може да се пр... „Како мајка на две деца, знам колку е тешко да се најде време за себе. Поме...
8 вежби што сигурно ги правите погрешно во теретана Дали кога кревате тег на клупа имате навика да го искривувате грбот? Тогаш можеб...
6 утрински вежби што ќе ви дадат енергија (се прават и во кревет) Ако немате многу време (или енергија) за вежбање, сигурно можете да одвоите 10-т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg