7 масажи за топење на масните наслаги на стомакот

Кога ќе забележите дека сте качиле некој килограм, нормално е тоа да ви ја разниша самодовербата. Но, вишокот масти на стомакот не влијаат само врз вашиот изглед.

oslobodete-se-od-vishkoto-masni-naslagi-so-ovie-masazhi-01.jpg

Всушност, мастите околу стомакот го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, дијабетес тип 2, па дури и некои видови рак.

Поради ова, би требало да се ослободите од масните наслаги на стомакот што е можно побрзо. А, доколку не сакате да одите во теретана, има решение и за вас.

Во продолжение погледнете неколку техники за масирање, што ќе ви помогнат да се ослободите од масните наслаги на вашиот стомак:

Стимулирање на циркулацијата на стомакот

- Протријте ги дланките за да ги загреете.

- Откако ќе ги загреете, почнете да го масирате стомакот со кружни движења, во и спротивно од насоката на стрелките на часовникот.

- Масирајте се на овој начин 2-3 минути.

oslobodete-se-od-vishkoto-masni-naslagi-so-ovie-masazhi-02.jpg

Намалете ја подуеноста

- Најдете ја точката на стомакот што се наоѓа 4 прсти над папокот.

- Масирајте ја оваа точка со кружни движења 2-3 минути, во и спротивно од насоката на стрелките на часовникот.

oslobodete-se-od-vishkoto-masni-naslagi-so-ovie-masazhi-03.jpg

Масажата за половината

- Поставете ги дланките од двете страни на стомакот, свртени една кон друга.

- Приближувајте ги дланките една до друга, така што помеѓу нив ќе го стискате стомакот.

- Направете го ова 3-5 пати.

- Потоа, фатете го стомакот со вашите дланки и тресете го.

- Правете го ова 10 до 15 секунди.

oslobodete-se-od-vishkoto-masni-naslagi-so-ovie-masazhi-04.jpg

Штипење

- Нежно штипете го стомакот, од двете страни истовремено.

- Продолжете со штипењето по целата површина на стомакот.

- Масирајте се на овој начин 2-3 минути.

oslobodete-se-od-vishkoto-masni-naslagi-so-ovie-masazhi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg