14 работи во кои ќе се препознаат само оние што трчаат редовно

Имате повеќе спортска облека отколку обична, се будите рано за да го избегнете сонцето, дури и во викенди – во колку од овие работи ќе се препознаете како некој редовен на кеј или останатите патеки и паркови?

14-raboti-vo-koi-kje-se-prepoznaat-samo-onie-shto-trchaat-redovno-01.jpg

Физичката активност е неопходна за здрав и среќен живот, а оние кои уживаат во трчањето не пропуштаат ниту едно утро без оваа активност.

Следниве работи ги знаат само вистинските љубители на трчањето – во колку од нив ќе се пронајдете?

1. Во машината за перење имате повеќе спортски градници и спортска облека, отколку сè останато заедно.

14-raboti-vo-koi-kje-se-prepoznaat-samo-onie-shto-trchaat-redovno-02.jpg

2. Се будите во 5 часот наутро за да ја избегнете жештината и влагата во лето.

14-raboti-vo-koi-kje-se-prepoznaat-samo-onie-shto-trchaat-redovno-03.jpg

3. Дури и за викенд...

4. Во некој дел од домот имате неколку пакувања енергетски гелови.

5. Некој од дома сигурно некогаш ги помешал овие пакетчиња гел со... па знаете.

6. Како тоа мислите, луѓето одат во Дизниленд, а не се пријавуваат да трчаат маратон?

14-raboti-vo-koi-kje-se-prepoznaat-samo-onie-shto-trchaat-redovno-04.jpg

7. На козметичарите не им е лесно кога ќе ви ги погледнат стапалата...

8. Малото охрабрување кое го добивате од друг тркач кога ќе се разминете е доволно за да ве мотивира да продолжите да „лебдите“.

14-raboti-vo-koi-kje-se-prepoznaat-samo-onie-shto-trchaat-redovno-05.jpg

9. Секогаш има една песна која никогаш нема да ве изневери кога ви треба мотивација и охрабрување да продолжите кога сакате да се откажете.

10. Можеби штедите на членство за теретана, но сите пари кои ги давате за учество во сите маратони, го надоместуваат трошокот...

14-raboti-vo-koi-kje-se-prepoznaat-samo-onie-shto-trchaat-redovno-06.jpg

11. Има разлика помеѓу изморени нозе и изморен ум, а вие точно знаете како да ги надминете двете и кога на што да се фокусирате.

14-raboti-vo-koi-kje-se-prepoznaat-samo-onie-shto-trchaat-redovno-07.jpg

12. Единствениот начин на кој може да ви се уништи денот е да немате можност да одите на трчање да се ослободите од стресот.

13. Пред да одите на одмор имате веќе истражено каде може да трчате, дали има посебна патека или парк, а во лето, плажите секогаш се опција...

14-raboti-vo-koi-kje-se-prepoznaat-samo-onie-shto-trchaat-redovno-08.jpg

14. Сте ги виделе улиците во секакво светло, кога се мирни и смирени, кога денот штотуку почнува или завршува и нема ништо освен патот и вашите нозе и вашиот ум, а никој не може да ви го одземе тоа...

14-raboti-vo-koi-kje-se-prepoznaat-samo-onie-shto-trchaat-redovno-09.jpeg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg