6 вежби кои ги топат масните наслаги, а не ви треба дополнителна опрема

Планк

Сигурно веќе ја знаете оваа вежба. Планк вежбата го зајакнува целото тело, особено стомачните и мускулите на долниот дел од грбот. Покрај тоа, го подобрува држењето на телото.

- Формирајте права линија со телото – од главата до прстите на нозете. Лактите треба да бидат поставени под рамената и внимавајте да не го искривете долниот дел од грбот.

- Стегнете ги стомачните мускули и останете во положбата што можно подолго.

- Одморете неколку секунди и повторете ја вежбата.

Доколку не можете да застанете на лактите, можете да застанете на дланките – исправете ги рацете и поставете ги дланките под рамената.

6-vehzbi-za-na-pod-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-masnite-naslagi-05.jpg

Странично кревање на нозете

Оваа вежба ќе ја зајакнe надворешната страна од колковите и ќе го подигне задникот.

- Легнете на страна и формирајте права линија со телото. Рацете нека ви бидат за поддршка.

- Бавно кренете ја горната нога стегајќи го задникот. Останете во положбата неколку секунди.

- Вратете се во почетната положба, но не допирајте ја долната нога.

- Направете 12-15 повторувања за секоја нога.

Обидете се да не го искривувате грбот во текот на вежбата.

6-vehzbi-za-na-pod-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-masnite-naslagi-06.jpg

Стој на рамена

Оваа вежба ќе ви помогне да ја подобрите рамнотежата и да ги зајакнете мускулите на стомакот и грбот.

- Легнете на грб со свиткани колена и поставете ги дланките на долниот дел од грбот.

- Кренете ги нозете. Кревајте ги нозете една по една за да ја задржите правилната положба и да ги избегнете повредите

- Исправете ги колената и држете ја положбата што е можно подолго. Можете да го држите долниот дел од грбот со рацете.

- Вратете се во почетната положба.

Оваа вежба е одлична и за релаксирање и ослободување од анксиозноста, па најдобро е да ја првите на крај.

6-vehzbi-za-na-pod-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-masnite-naslagi-07.jpg

Релаксација после вежбање

Ова е јога поза позната како „среќно бебе“. Позата го истегнува долниот дел од телото и смирува.

- Легнете на грб.

- Бавно доближете ги колената до градите. Со дланките фатете ја надворешната страна од стапалата. Прстите на нозете треба да се допираат едни со други.

- Раширете ги колената и доближете ги до подот. Глуждовите треба да се наоѓаат над колената.

- Држете ја положбата 30-60 секунди со бавно дишење.

- Опуштете се и бавно вратете се во почетната положба.

6-vehzbi-za-na-pod-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-masnite-naslagi-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Лесни вежби за намалување на болката во грбот по напорниот работен ден Колку често ви се случува да се вратите дома од работа, а грбот да ве боли од се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg