Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 необични спортови кои даваат одлични резултати

Толку многу се зборува за тоа колку физичката активност е важна за одржување на целокупното оптимално здравје, што луѓето понекогаш наоѓаат чудни и невообичаени начини да симнат некој килограм повеќе.

3 neobicni sportovi koi davaat odlicni rezultati 01

Не сме сигурни дали ќе имате шанса да се обидете со некој од овие спортови, но затоа сме сигурни дека истите се прилично необични.

Аква Зумба

Зумбата како форма на вежба е многу распространета, и сигурно добро знаете дека таа подразбира танцови движења кои го зајакнуваат срцето.

Неодамна се појави и нова форма на Зумба која многу брзо стана популарна низ светот. Аква Зумбата е Зумба во базен.

Заборавете на опремата за вежбање - потребен ви е само костим за капење за да учествувате во оваа активност.

Природната отпорност на водата ги отежнува движењата, но фактот што сте во базен ќе го задржи вашето тело доволно ладно во текот на целиот тренинг.

Сурфсет

Љубителите на сурфањето повеќе не мора да ја бараат идеалната плажа, ниту да го чекаат совршениот бран. Уште помалку треба да се грижат дали ќе бидат нападнати од ајкула.

Ако вашиот сон е да научите да сурфате, можеби треба да посетите некоја од многуте земји низ светот кои сурфањето од плажа го преселија во затворена просторија.

Во основа, сурфсет подразбира машина која симулира сурфање на брановите. Оваа вежба бара од вас да го користите вашиот стомак и други мускули од телото за да ја одржите рамнотежата.

Часови за сирени

Дали некогаш сте сакале да бидете сирена? Сега имате можност да се зачлените во некој од клубовите кои ќе ве научат како да пливате како сирена.

Во текот на предавањата вие ќе носите опашка од сирена, и ќе научите сосема нов начин на пливање.

Наместо да ги користите двете нозе како при вообичаено пливање, на часот по пливање за сирени ќе научите како да пливате со двете нозе истовремено.

Ефектот од оваа вежба е стегнат стомак и многу цврсти нозе.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...
8 вежби што сигурно ги правите погрешно во теретана Дали кога кревате тег на клупа имате навика да го искривувате грбот? Тогаш можеб...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
14 мажи кои направија импресивна трансформација на телото со вежбање „Се чувствувам многу подобро. И не сум полуден по здрав начин на живот, само веж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg