5 вежби за тенка половина со кои може да почнете да се подготвувате за лето

Се прејадовте за време на продолжениот викенд и сфативте дека е време да поработите на телото за ова лето?

5-vezhbi-za-tenka-polovina-so-koi-mozhe-da-pochnete-da-se-podgotvuvate-za-leto-001.jpg

Ова е периодот кога полека сите почнуваат да се освестуваат дека е време да се фокусираат на изгледот и почнуваат со диети и физички активности.

Секако, за да постигнете резултат до лето, мора да бидете упорни и да се трудите да одржувате добар баланс помеѓу исхраната и вежбањето.

Покрај многуте други вежби ве потсетуваме на уште неколку кои ќе ви помогнат да добиете тенка половина.

Вежба 1

Легнете на земја, свиткајте ги нозете во колената и поставете ги малку пошироко ор рамената, а рацете исправете ги покрај телото.

Издишете и туркајте се со горниот дел на телото кон лево обидувајќи се да ја допрете левата пета со левата рака. Останете во оваа позиција неколку секунди.

Полека враќајте се во почетна положба и вдишете. Повторете на десната страна.

Направете ја вежбата 30 пати наизменично.

5-vezhbi-za-tenka-polovina-so-koi-mozhe-da-pochnete-da-se-podgotvuvate-za-leto02.jpg

Вежба 2

Поставете ги подлактиците на земја со лактите во линија со рамената. Рамениците треба да ви видат раширени, а рацете во паралелна положба со телото.

Држете го телото исправено како на илустрацијата од глава до пети и стојте во оваа положба 20 секунди.

5-vezhbi-za-tenka-polovina-so-koi-mozhe-da-pochnete-da-se-podgotvuvate-za-leto-03.jpg

Вежба 3

Застанете со нозете поставени во ширина на колковите и ставете ги рацете зад глава.

Истовремено кревајте ја левата нога и спуштајте ја десната рака така што лактот ќе го носите кон коленото.

Вратете се во почетна положба и повторете со десната нога и левата рака.

Направете ја вежбата 30 пати наизменично.

5-vezhbi-za-tenka-polovina-so-koi-mozhe-da-pochnete-da-se-podgotvuvate-za-leto-04.jpg

Вежба 4

Легнете на грб и раширете ги рацете како на сликата. Кренете ги нозете и свиткајте ги колената под агол од 90˚.

Потоа двете нозе заедно виткајте ги кон лево, така што горниот дел од телото ќе ви биде исправен. Останете во оваа положба неколку секунди, па вратете се во почетна и повторете на другата страна.

Направете ја вежбата 30 пати.

5-vezhbi-za-tenka-polovina-so-koi-mozhe-da-pochnete-da-se-podgotvuvate-za-leto-05.jpg

Вежба 5

Застанете во кучешка положба и поставете ги дланките на земја во линија со рамената.

Без да го мрдате цело тело, подигнете ја наназад десната нога, така што ќе ја свиткате во коленото и правете движења со ногата како да клоцате.

Држете ги вратот и главата исправени, со лицето свртено надолу.

Повторете ја вежбата 20 пати со двете нозе.

5-vezhbi-za-tenka-polovina-so-koi-mozhe-da-pochnete-da-se-podgotvuvate-za-leto-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg