Која е тајната за совршената фигура на Емили Ратајковски?
27-годишната манекенка и глумица важи за една од најсексaпилните девојки во светот. Додека многумина се прашуваат каква е нејзината магична формула за исхрана и фитнес, блиски извори на убавицата тврдат дека одговорот е прилично едноставен.
Со рамниот стомак и тенкиот струк, во присуство на занесните облини, телото на Емили Ратајковски за мноштво девојки претставува стандард за совршена фигура. А, верувале или не, таа не вежба во теретана и се храни како што ѝ сака душата.
Како ли успева тогаш да ја задржи одличната форма, наспроти сите забави, снимања и летови? Ова е „тајната“ зад чудесниот изглед на згодната бринета:
Исхрана
Ратајковски не крие дека навистина имала среќа со генетиката. Меѓутоа, ова не значи дека не ја контролира својата исхрана. Иако редовно им се препушта на омилените оброци и десерти, манекенката и глумица никогаш не се прејадува.
При готвењето постојано внимава на количината на шеќери и соли кои ќе ги консумира. Од храна највеќе сака бифтек и тестенини. Се обидува да пие природни сокови секојдневно, а не одбива ни чаша вино во ниту една прилика.
Фитнес
Емили не сака да тренира во теретана. Ова според неа е мошне досадно. Наместо во затворен простор, позабавно ѝ е да вежба надвор.
Таа оди на планинарење, наутро трча долж океанот и вози велосипед околу Лос Анџелес. Ратајковски исто така обожава јога, бидејќи ѝ помага да ги oдржи убаво обликуваните мускули.
М. А. | Црнобело