Заборавете на калориите: На што треба да се фокусирате за време на вежбањето?
Да, сосема е очекувано дека ве интересира колку калории ќе согорите со денешниот тренинг, но тоа не треба да ви биде во фокусот.
Постојат многу нешта за кои можете да размислувате за време на вежбањето, особено оние кои доаѓаат како негова последица. Броењето калории може да ви биде и демотивација, особено ако ја цените храната и ако едно парче торта ве прави анксиозни и ви предизвикува омраза кон себе.
Но, вежбањето е многу повеќе од тоа. Еве што сè може да биде во вашиот фокус, наместо согорените калории:
Вашата сила
Што и да тренирате, со тек на време тоа ќе ве направи и посилни и попрофесионални во самиот спорт. Наместо да размислувате колку калории ќе согорите додека боксирате вреќа, мислете на тоа дека еден ден ќе имате навистина силен и извежбан удар и ќе можете да се одбраните доколку тоа е потребно.
До каде може да одите
Ако трчате на лента, многу е веројатно дека по само неколку месеци ќе можете тоа да го правите подолго и да „истрчате“ повеќе метри. Или пак, ако изберете боречка вештина, можеби и ќе бидете успешни во нејзе.
Дека нештата стануваат полесни
Можеби успевавте да направите само пет стомачни вежби кога почнавте, а сега правите 20 без никаков проблем? Не грижете се, за кратко време ќе ви биде полесно да направите и 50, па и 100 вежби.
Се подобрува работата на срцето
Физичката активност им помага на сите мускули, вклучително и срцето, да работат со правилен ритам.
Вашите подобрени еластичност и рамнотежа
По извесно време, вашето тело ќе стане поеластично и пофлексибилно, но ќе умеете и подобро да воспоставувате рамнотежа. Ова може да ви користи при многу секојдневни ситуации, но и за време на сексот.
Доброто чувство по тренинг
Сосема е нормално после тренинг да се чувствувате уморно, но ако споредите со другите видови умор, овој е далеку поубав и попријатен.
Е. Д. | Црнобело